По повод именденот на Неговото сепреподобие Архимандрит Партениј во манастирот пристигнаа чесните мошти на великиот светогорски старец од XΧ век, Ефрем Катунакиски, чудесен дар за нашиот игумен и братството од самиот угодник Божји, подарен преку христољубивото срце на неговото духовно чедо, сепреподобниот старец Јосиф од тихувалиштето на св. Ефрем Сирин на Света Гора Атонска.