Поминаа повеќе од 10 години од како во јули 2004 година во посета на манастирите Свети Леонтиј во Водоча и Света Богородица Елеуса во Велјуса во Струмичката Епархија на Македонска православна црква пристигнаа старецот на манастирот Свето Преображение од Бостон (САД) о.Пантелејмон во придружба на монахот Димитриј . Монасите на манастирите му подарија мошти на преподобен Јосиф Спилеот , старец Пантелејмон е духовно чедо на возобновителот на Исихазмот во моншатвото во минатиот век.Лицата на Браќата и сестрите од манастирите Водоча и Велјуса предводени од високопреосвештениот Митрополит Наум беа озарени со среќа заради големиот благослов, со стравопочит се покланаа на моштите а потоа ги положија на светиот Престол каде се чуват и денес. Почитуван старец Пантелејмон нашите молитви секогаш ќе бидат со вас !