Честицата од чесниот крст која беша една од реликвиите кои младиот богослов Стојанче Андов ги донесе во Македонија од Манастирот Џорданвил во САД каде што тој студира предизвика големо внимание меѓу македонците еве како света честица дојде во рацете на Стојанче: Стојанче- “ Честицата од Чесниот Крст ја добив од Митрополитот на Руската Задгранична Црква, Иларион. Кога доаѓаше во Џорданвил, местото каде што учам, често разговарав со него на духовни теми. Животот во САД не е едноставен. Има многу искушенија. Почетоците овде ми беа малку тешки и повеќе страдав во своите подвизи, па разговорите со овој владика ме охрабруваа. Тој веќе ме знаеше, го познаваше мојот карактер, мојата слабост... Пред две години бев кај него на гости, во Њујорк, на неколку дена. Таму, од продавницата купив за себе еден крст со средна големина. Всушност тој сребрен крст беше дизајниран и направен со простор за свети мошти. Јас тоа не го забележав. Вечерта му го покажав на Митрополитот и тој ми рече: “О, ова е к...