Светиот Синод на Бугарската православна црква на заседанието одржано на 31 март оваа година, донел одлука да се започне со просецот за собирање на сведоштва за некогашниот Неврокопски митрополит Борис Разумов (1888-1948), со цел негово вбројување во Диптихот на Светиите на православната Христова Црква. Одлуката била донесена по претходно разгледување на предлогот изнесен од страна на сегашниот Неврокопски митрополит Серафим, кој ги запознал своите собраќа архиереи со основите за причислување на митрополитот Борис во соборот на Светиите. Сега претстои да се формира посебна комисија што ќе го разгледува ова прашање, собирајќи сведоштва за животот на овој речиси современ сведок на вистината Христова, како и за благодатната помош на луѓето, добиена по негово молитвено застапништво. Она што претставува голема радост за нас е фактот што свештеномаченикот Борис (Разумов) е родум Македонец, од селото Ѓавато, Битолско. Бил роден на 8/26 ноември 1888 година, на самиот ден на Св. Вмч...