П ремудриот Бог, Кој однапред го знае исходот на секое дело, и од Чии очи не може да сокрие ни најмалото нешто, преку еден чудесен настан уште еднаш ни ја покажа Својата Промисла и грижата за Своите светињи. Имено, вчера во нашиот Манастир допатуваа благочестивите браќа Жарко и Златко Шурдоски, по потекло од с. Ложани, Струшко, кои побараа средба со нашиот старец, Архимандрит Партениј, со цел да му предадат некои работи. На средбата тие му соопштија на старецот дека имаат нешто што ѝ припаѓа на Црквата. Всушност, овие побожни браќа му го предадоа на отец Партениј сребреното ковчеже со мошти од Света Параскева, како и три сребрени престолни крста, коишто биле украдени од Манастирот на Пресвета Богородица – Пречиста, Кичево, на 11 декември 2014 година . Светињите дошле до рацете на браќата според Божја промисла. Впрочем, крадецот, кој бил фатен од полицијата уште следниот ден, бегајќи од рацете на законот и сакајќи да ги отстрани доказите за сторената кражба, го фрлил ранецот со св...