Македонците во Австралија на вчерашната богослужба на денот на кој се празнува споменот на новопрославениот светител Св. Гаврил Светогорец, епископ Велички имаа можност да се поклонат на неговите светите мошти . Честички од неговите свети мошти се наоѓаат во Австралија, откако Митрополитот Брегалнички г. Иларион и игуменот на Лесновскиот манастир, Архимандритот Дамаскин му ги подарија на Архимандритот Гаврил при неговата посета во Македонија. -Ја користиме оваа прилика да му се заблагодариме од името на цела Македонска заедница во Австралија на Митрополитот г. Иларион, како и на Архимандритот Дамаскин за дарението на светите мошти. Голема беше радоста кај присутните верници кога Архимандритот Гаврил го отвори кивотот со свети мошти. Благоуханиети беше присутно и верниците кои се поклонија се исполнија со благодат. Архимандритот Гаврил одржа свое пригодно слово, во кое меѓу другото нагласи дека светиот Гаврил Светогорец, епископот Велички, големиот испосник и подвижник од нашето ...