Марковиот манастир, во близина на Скопје доби мошти од света Елисавета Руска и од 44 монаси маченици од манастирот Лавра во Палестина. Моштите се подарок од монах на Руската православна црква од Австралија. Тој светите мошти и ги подарил на Игуменијата на Марковиот манастир, Сестра Илијана, при нејзиното поклоничко патување во Австралија. Игуменијата Илијана заедно со една од сестрите, го посетиле рускиот скит посветен на Свети Јован Крстител, и старецот Јоаким, монах со австралијанско потекло, кој и ги подарил моштите од света Елисавета Руска и од 44 монаси маченици од манастирот Лавра во Палестина. Светите мошти, ќе бидат изложени во параклисот на Светиот Апостол и Евангелист Марко.