На околу два километри североисточно од селото Вишни, Струшко, по кањонот на реката Сушица, се наоѓа пештерната црква Свети Спас (Вознесение Христово) во чија непосредна близина се наоѓаат Вишенски извори. Во струшкиот крај, поточно во селата Вишни и Вевчани , Спасовден е ден кога тамошните луѓе се потсетуваат на една стара легенда. Како што кажува таа – во Вевчани некогаш живееле брат и сестра Спасе и Спаса кои бегале од турците з а да ја спасат честа своја, на родот и верата христијанска. Побегнале на две страни, разделувајќи се со тешко срце, но со аманет, така осамени да го дочуваат заветот. Барем едниот од нив, ако преживее. За среќа, преживеале двајцата. Таа, своето скровиште го побарала во дивиот предел на кањонот на Сушица, во пештера тајна и скришна, високо во карпите и се населила на непристапни терени. Спасе станал пустиник, талкајќи низ високата гора и се оддал на аскетски живот, често пр...