Бигорски манастир и неговиот метох Рајчица ја збогатија својата ризница со светите мошти на: Свети Димитриј Солунски и Св. апостол Андреј Првоповикан како и мошти на Свети Пантелејмон. Метохот Рајчица пак на чување доби мошти на Света Екатерина и Света Варвара. Моштите се дар на големиот пријател на нашите манастири, благородниот отец Добри Чаков, клирик на Бугарската Православна Црква, свештенослужител во храмот посветен на Св. Димитриј во Калипетрово и ставрофорен свештеноиконом на Доростолската епархија, кој со голема љубов се погрижи за моштите да се изработат и специјални кивоти.
Извор: Бигорски манастир
Comments
Post a Comment