Македонците во Австралија на вчерашната богослужба на денот на кој се празнува споменот на новопрославениот светител Св. Гаврил Светогорец, епископ Велички имаа можност да се поклонат на неговите светите мошти .
Честички од неговите свети мошти се наоѓаат во Австралија, откако Митрополитот Брегалнички г. Иларион и игуменот на Лесновскиот манастир, Архимандритот Дамаскин му ги подарија на Архимандритот Гаврил при неговата посета во Македонија.
-Ја користиме оваа прилика да му се заблагодариме од името на цела Македонска заедница во Австралија на Митрополитот г. Иларион, како и на Архимандритот Дамаскин за дарението на светите мошти. Голема беше радоста кај присутните верници кога Архимандритот Гаврил го отвори кивотот со свети мошти. Благоуханиети беше присутно и верниците кои се поклонија се исполнија со благодат. Архимандритот Гаврил одржа свое пригодно слово, во кое меѓу другото нагласи дека светиот Гаврил Светогорец, епископот Велички, големиот испосник и подвижник од нашето време со својот живот, дела и чуда ни е даден од Бога како пример за следење на патот кон светоста и спасението, велат од Австралиско-сиденејската епархија на МПЦ-ОА.
Comments
Post a Comment