Skip to main content

РЕПОРТАЖА: Свети мошти од неколку светители во црквата Св.Троица во населбата Црногорци - Охрид

Црквата Св. Троица во населбата Црногорци во Охрид, неодамна значително ја збогати својата ризница со свети мошти од неколку светители добиени на подарок од манастири во Македонија но и соседна Грција.

Во ризницата на овој божји храм помеѓу останатите се наоѓаат свети мошти на Светиот Игнатиј Богоносец. 
Мошти на Св. Игнатиј Богоносец

Во текот на минатиот месец исто така храмот на подарок доби свети мошти на Свети Ефтимиј Велики од манастир Лешани во Охридско по благослов на неговото преподобие, игуменот на Лешанскиот манастир, јеромонах Вартоломеј.

 свети мошти на Свети Ефтимиј Велики
Во храмот од 2016 година се наоѓаат и мошти од Св. великомаченик Емилијан Доростолски кои пристигнаа од Атина, Грција. Најавено е дека овие свети мошти ќе бидат изложени пред верниот народ на 30ти наспроти 31ви јули по повод празникот на Св. великомаченик Емилијан Доростолски.








Comments

Popular posts from this blog

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Света Преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска

Oваа малку позната монахиња и пред нејзиното официјално канонизирање, верниците во Српската православна црква сепак ја сметале за светица и голема сoвремена подвижница. Во Македонија нејзиниот култ е посебно почитуван во манастирот во кој се наоѓаат нејзините мошти и со години на неколку празници се изложуваат во манастирот во село Крстоар, Битолско. А СПЦ има издадено книга посветена на светителката    „Христе, животе мој“ која во 2023 година го добива третото и дополнето издание.   Нејзините писма во 1963 година ги открива тогаш веќе дипломираниот теолог Ристо Радовиќ подоцна митрополит Амфилохие, во библиотеката на Дечанскиот манастир, тој со години собирал сведоштва за нејзиниот живот, бил во нејзиното родно место, во местото каде што била нејзината куќа и го барал нејзиниот гроб во манастирот Свети Христофор. Нејзиното име и го дал на монахињата Стефанида, избирајќи ја за свој небесен покровител. Која со негов благослов напиша акатист за преподобната Стефанида. Препо...

МПЦ добила мошти од Св. Ѓорги Кратовски

Американско-канадската епархија на МПЦ-ОА по молба на парохиски свештеник ереј Горан Трпчевски,доби мошти од Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски, на дар од Драгалевскиот Манастир за истоимената црква во Детроит, САД. По милоста Божја и по молитвите на Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски и со благослов од нашиот надлежен Архиереј, Митрополитот на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија г. Методиј, на 8 септември 2019 лето Господово, во нашата Македонска Православна Црква-ОА “Св. Вмч Ѓорѓи Кратовски” во Фармингтон Хилс, Детроит Метро во Мичиген, САД, пристигнаа Моштите на светителот донесени од ѓаконот д-р Дејан Коруноски. По предавањето на Моштите, се одржа Света Архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот г. Методиј во сослужение на Архиерејскиот Намесник на Централно-западното Американско Архиерејско Намесништво, протоереј Драган Јорданов и парохискиот свештеник ереј Горан Трпчевски. После службата се пристапи кон поклонение на Светите Мошти...

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Светите исповедници и праведни Спасе и Спаса Вишенски

    На околу два километри североисточно од селото Вишни, Струшко, по кањонот на реката Сушица, се наоѓа пештерната црква Свети Спас (Вознесение Христово) во чија непосредна близина се наоѓаат Вишенски извори.   Во струшкиот крај, поточно во селата  Вишни  и  Вевчани , Спасовден е ден кога тамошните луѓе се потсетуваат на една стара легенда. Како што кажува таа – во Вевчани некогаш живееле брат и сестра  Спасе и Спаса   кои   бегале од турците з а да ја спасат честа своја, на родот и верата христијанска. Побегнале на две страни, разделувајќи се со тешко срце, но со аманет, така осамени да го дочуваат заветот. Барем едниот од нив, ако преживее. За среќа, преживеале двајцата. Таа, своето скровиште го побарала во дивиот предел на кањонот на Сушица, во пештера тајна и скришна, високо во карпите  и се населила на непристапни терени.   Спасе станал пустиник, талкајќи низ високата гора и се оддал на аскетски живот, често пр...