Skip to main content

АРХИВА: Браќа ги врадија украдените мошти од манастирот Пречиста Кичевска

Премудриот Бог, Кој однапред го знае исходот на секое дело, и од Чии очи не може да сокрие ни најмалото нешто, преку еден чудесен настан уште еднаш ни ја покажа Својата Промисла и грижата за Своите светињи. Имено, вчера во нашиот Манастир допатуваа благочестивите браќа Жарко и Златко Шурдоски, по потекло од с. Ложани, Струшко, кои побараа средба со нашиот старец, Архимандрит Партениј, со цел да му предадат некои работи. На средбата тие му соопштија на старецот дека имаат нешто што ѝ припаѓа на Црквата. Всушност, овие побожни браќа му го предадоа на отец Партениј сребреното ковчеже со мошти од Света Параскева, како и три сребрени престолни крста, коишто биле украдени од Манастирот на Пресвета Богородица – Пречиста, Кичево, на 11 декември 2014 година. Светињите дошле до рацете на браќата според Божја промисла. Впрочем, крадецот, кој бил фатен од полицијата уште следниот ден, бегајќи од рацете на законот и сакајќи да ги отстрани доказите за сторената кражба, го фрлил ранецот со светињите в река. Од реката ги извадил некој човек, кој ловејќи риби, го здогледал ранецот. Кога сфатил дека станува збор за големи светињи, тој се погрижил да ги спаси и сочува во својот дом. Но, повторно по Божја промисла, неодамна овој човек им ги предал работите на двајцата браќа, кои, од своја страна, финансиски го потпомогнале неговото сиромашно семејство. Веднаш штом ковчежето и крстовите се нашле во рацете на Шурдовци, тие побрзале да му ги предадат на нашиот старец и игумен, познавајќи ја неговата грижа за христијанските светињи. Дополнителен мотив на браќата за ова благородно дело било и тоа што пред неколку години, Жарко, којшто живее и работи во САД, имал страшна сообраќајна незгода, но по чудо на Света Параскева, чијашто икона ја носел со себе, поминал без никаква повреда. Од благодарност кон Светителката, сега тој ги враќа нејзините мошти на Црквата, за поклонение на верните и поука на неверните.
Дародавецот Бог нека ги награди браќата Шурдоски за ова богољубиво дело со небесна награда!
Ковчежето со моштите и крстовите ќе бидат вратени во Обителта на Богомајката – Пречиста, а понатаму, со Божја помош, и реставрирани.




Извор: Бигорски манастир, октомври 2018

Comments

Popular posts from this blog

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Света Преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска

Oваа малку позната монахиња и пред нејзиното официјално канонизирање, верниците во Српската православна црква сепак ја сметале за светица и голема сoвремена подвижница. Во Македонија нејзиниот култ е посебно почитуван во манастирот во кој се наоѓаат нејзините мошти и со години на неколку празници се изложуваат во манастирот во село Крстоар, Битолско. А СПЦ има издадено книга посветена на светителката    „Христе, животе мој“ која во 2023 година го добива третото и дополнето издание.   Нејзините писма во 1963 година ги открива тогаш веќе дипломираниот теолог Ристо Радовиќ подоцна митрополит Амфилохие, во библиотеката на Дечанскиот манастир, тој со години собирал сведоштва за нејзиниот живот, бил во нејзиното родно место, во местото каде што била нејзината куќа и го барал нејзиниот гроб во манастирот Свети Христофор. Нејзиното име и го дал на монахињата Стефанида, избирајќи ја за свој небесен покровител. Која со негов благослов напиша акатист за преподобната Стефанида. Препо...

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Светите исповедници и праведни Спасе и Спаса Вишенски

    На околу два километри североисточно од селото Вишни, Струшко, по кањонот на реката Сушица, се наоѓа пештерната црква Свети Спас (Вознесение Христово) во чија непосредна близина се наоѓаат Вишенски извори.   Во струшкиот крај, поточно во селата  Вишни  и  Вевчани , Спасовден е ден кога тамошните луѓе се потсетуваат на една стара легенда. Како што кажува таа – во Вевчани некогаш живееле брат и сестра  Спасе и Спаса   кои   бегале од турците з а да ја спасат честа своја, на родот и верата христијанска. Побегнале на две страни, разделувајќи се со тешко срце, но со аманет, така осамени да го дочуваат заветот. Барем едниот од нив, ако преживее. За среќа, преживеале двајцата. Таа, своето скровиште го побарала во дивиот предел на кањонот на Сушица, во пештера тајна и скришна, високо во карпите  и се населила на непристапни терени.   Спасе станал пустиник, талкајќи низ високата гора и се оддал на аскетски живот, често пр...

Канонизиран Св. Мч. Кипријан Слепчански

На 30.04.2017 г., во Неделата посветена на Жените Мироносици, во манастирот посветен на Светиот Јован Претеча во Слепче, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија, на која постраданиот свештеномаченик Кипријан беше вброен во диптохот на Светите. На Божествената Литургија  чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Архиереите, Петар, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, Тимотеј, Митрополит Дебарско-кически и администратор Австралиско-сиднејски, Агатангел, Митрополит Повардарски, Пимен, Митрополит Европски, Иларион, Митрополит Брегалнички, Јосиф, Митрополит Тетовско-гостиварски, и Климент, Епископ Хераклејски. Како и Архимандритите Партениј, Нектариј и Никола. Игумените Серафим, Агатон и Григориј. После Божествената Литургија, во дворот на манастирот беше осветен Камен-темелникот на новите манастирски конаци, кои ќе сведочат за возродувањето и духовниот развој на монашкиот ...