18 јуни 2022 година Во навечерието на неделата кога Црквата Божја го слави споменот на Сите Светии одеднаш, Бигорската Обител се украси со чесни мошти на уште еден член од свештениот собор на Небесната Црква. Имено, недобројниот светителски хор, кој со еднодушие и со неискажлива радост и славословие постојано се насладува од Божествената красота на лицето Божје, денеска го почести нашето братство со благодатната посета на светата Христова Маченица Сабина Римјанка. Парче од нејзините чесни мошти му беше подарено на нашиот Манастир од страна на младиот богољубив г. Александар Младеновски од Австралиско-сиднејската епархија, родум од Битола. Оваа светиња, Алексанадар ја измолил од црква во Австралија каде што се наоѓа дел од моштите на Света Сабина, а му ја предаде на нашиот старец и игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, почитувајќи го неговото благотворно дело и познавајќи го неговото светителољубие. Заедно со моштите, Александар му подари на Бигорскиот Манастир и една прекрасна мошто...