Skip to main content

Мошти од Светата Сабина Римјанка во Бигорски

18 јуни 2022 година

Во навечерието на неделата кога Црквата Божја го слави споменот на Сите Светии одеднаш, Бигорската Обител се украси со чесни мошти на уште еден член од свештениот собор на Небесната Црква. Имено, недобројниот светителски хор, кој со еднодушие и со неискажлива радост и славословие постојано се насладува од Божествената красота на лицето Божје, денеска го почести нашето братство со благодатната посета на светата Христова Маченица Сабина Римјанка. Парче од нејзините чесни мошти му беше подарено на нашиот Манастир од страна на младиот богољубив г. Александар Младеновски од Австралиско-сиднејската епархија, родум од Битола. Оваа светиња, Алексанадар ја измолил од црква во Австралија каде што се наоѓа дел од моштите на Света Сабина, а му ја предаде на нашиот старец и игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, почитувајќи го неговото благотворно дело и познавајќи го неговото светителољубие. Заедно со моштите, Александар му подари на Бигорскиот Манастир и една прекрасна моштохранилница. Светињата беше пречекана со манастирско иподохи и со радосно биење на камбаните.



Светата Маченица Сабина била вдовица на сенаторот Валентин и ќерка на Ирод Металариј. Откако нејзината робинка, Света Серапија, којашто, впрочем, ја преобратила својата господарка во христијанската верата, била осудена и погубена, Светата Сабина наредила да ѝ ги донесат нејзините посмртни останки кај неа, по што ги положила во семејниот мавзолеј, каде што и самата имала намера да биде погребана. Наскоро и таа била обвинета за прифаќање и проповедање на Христијанството и била осудена на смрт од страна на префектот Елпидиј. Се овенчала со маченички венец во 125 година во градот Виндена (во денешна Умбрија, Италија). Во продолжение, Маченицата Сабина била вброена во хорот на Светиите и во 430 година нејзините мошти биле пренесени на ридот Авентин во Рим, во посебно изградената базилика „Санта Сабина“, на местото на нејзината куќа, за која се смета дека била ранохристијанска црква. Храмот бил осветен во чест на Светите Сабина и Серапија.






Comments

Popular posts from this blog

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Света Преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска

Oваа малку позната монахиња и пред нејзиното официјално канонизирање, верниците во Српската православна црква сепак ја сметале за светица и голема сoвремена подвижница. Во Македонија нејзиниот култ е посебно почитуван во манастирот во кој се наоѓаат нејзините мошти и со години на неколку празници се изложуваат во манастирот во село Крстоар, Битолско. А СПЦ има издадено книга посветена на светителката    „Христе, животе мој“ која во 2023 година го добива третото и дополнето издание.   Нејзините писма во 1963 година ги открива тогаш веќе дипломираниот теолог Ристо Радовиќ подоцна митрополит Амфилохие, во библиотеката на Дечанскиот манастир, тој со години собирал сведоштва за нејзиниот живот, бил во нејзиното родно место, во местото каде што била нејзината куќа и го барал нејзиниот гроб во манастирот Свети Христофор. Нејзиното име и го дал на монахињата Стефанида, избирајќи ја за свој небесен покровител. Која со негов благослов напиша акатист за преподобната Стефанида. Препо...

Канонизиран Св. Мч. Кипријан Слепчански

На 30.04.2017 г., во Неделата посветена на Жените Мироносици, во манастирот посветен на Светиот Јован Претеча во Слепче, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија, на која постраданиот свештеномаченик Кипријан беше вброен во диптохот на Светите. На Божествената Литургија  чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Архиереите, Петар, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, Тимотеј, Митрополит Дебарско-кически и администратор Австралиско-сиднејски, Агатангел, Митрополит Повардарски, Пимен, Митрополит Европски, Иларион, Митрополит Брегалнички, Јосиф, Митрополит Тетовско-гостиварски, и Климент, Епископ Хераклејски. Како и Архимандритите Партениј, Нектариј и Никола. Игумените Серафим, Агатон и Григориј. После Божествената Литургија, во дворот на манастирот беше осветен Камен-темелникот на новите манастирски конаци, кои ќе сведочат за возродувањето и духовниот развој на монашкиот ...

Мошти од (Свети) Јоаникиј Ракотински прават чуда во манастир во Грција

Архимандрит Порфириј, Игумен на Свештената Обител на Манастирот Свети Јован Крстител кај Верија, Грција,  напиша текст за канонизацијата на Светиот Јоаникиј од Ракотинци, што Македонската православна црква ќе ја изврши оваа година. А рхимандритот Порфириј пред повеќе од дваесет години во црковен весник од Охрид за првпат ја видел веста и фотографиите за Јоанкиј од Ракотинци. После неколку години од неговото населување во манастирот кај Верија тој повторно бил во посета на Македонија, кога и имал прилика да се поклони на моштите на Јоанакиј од Ракотинци но и да добие честица од неговите мошти како подарок од Архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.  Следуваат сведоштва за чуда со моштите на Јоанкиј Ракотински Неговите мошти ги дадовме на чување за благослов на една жена болна од тешки психички проблеми и таа доби големо утешување. Но, се случи и ова: зетот на нејзината ќерка, Георгиј, едно добро, но нецрковно момче, го посетил нејзиниот дом и таа му рекла:...