Skip to main content

Posts

Мошти од Светата Сабина Римјанка во Бигорски

18 јуни 2022 година Во навечерието на неделата кога Црквата Божја го слави споменот на Сите Светии одеднаш, Бигорската Обител се украси со чесни мошти на уште еден член од свештениот собор на Небесната Црква. Имено, недобројниот светителски хор, кој со еднодушие и со неискажлива радост и славословие постојано се насладува од Божествената красота на лицето Божје, денеска го почести нашето братство со благодатната посета на светата Христова Маченица Сабина Римјанка. Парче од нејзините чесни мошти му беше подарено на нашиот Манастир од страна на младиот богољубив г. Александар Младеновски од Австралиско-сиднејската епархија, родум од Битола. Оваа светиња, Алексанадар ја измолил од црква во Австралија каде што се наоѓа дел од моштите на Света Сабина, а му ја предаде на нашиот старец и игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, почитувајќи го неговото благотворно дело и познавајќи го неговото светителољубие. Заедно со моштите, Александар му подари на Бигорскиот Манастир и една прекрасна мошто...
Recent posts

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Светите исповедници и праведни Спасе и Спаса Вишенски

    На околу два километри североисточно од селото Вишни, Струшко, по кањонот на реката Сушица, се наоѓа пештерната црква Свети Спас (Вознесение Христово) во чија непосредна близина се наоѓаат Вишенски извори.   Во струшкиот крај, поточно во селата  Вишни  и  Вевчани , Спасовден е ден кога тамошните луѓе се потсетуваат на една стара легенда. Како што кажува таа – во Вевчани некогаш живееле брат и сестра  Спасе и Спаса   кои   бегале од турците з а да ја спасат честа своја, на родот и верата христијанска. Побегнале на две страни, разделувајќи се со тешко срце, но со аманет, така осамени да го дочуваат заветот. Барем едниот од нив, ако преживее. За среќа, преживеале двајцата. Таа, своето скровиште го побарала во дивиот предел на кањонот на Сушица, во пештера тајна и скришна, високо во карпите  и се населила на непристапни терени.   Спасе станал пустиник, талкајќи низ високата гора и се оддал на аскетски живот, често пр...

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Света Преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска

Oваа малку позната монахиња и пред нејзиното официјално канонизирање, верниците во Српската православна црква сепак ја сметале за светица и голема сoвремена подвижница. Во Македонија нејзиниот култ е посебно почитуван во манастирот во кој се наоѓаат нејзините мошти и со години на неколку празници се изложуваат во манастирот во село Крстоар, Битолско. А СПЦ има издадено книга посветена на светителката    „Христе, животе мој“ која во 2023 година го добива третото и дополнето издание.   Нејзините писма во 1963 година ги открива тогаш веќе дипломираниот теолог Ристо Радовиќ подоцна митрополит Амфилохие, во библиотеката на Дечанскиот манастир, тој со години собирал сведоштва за нејзиниот живот, бил во нејзиното родно место, во местото каде што била нејзината куќа и го барал нејзиниот гроб во манастирот Свети Христофор. Нејзиното име и го дал на монахињата Стефанида, избирајќи ја за свој небесен покровител. Која со негов благослов напиша акатист за преподобната Стефанида. Препо...

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Свети праведен Јоаким Крчовски - учител и просветител

  На 22.05.2022 година во Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, беше  обнародена одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со која преподобниот игумен Јоаким Крчовски е вброен во ликот на светителите на Православната Црква. Споменот на преподобниот Јоаким Крчовски – учител и просветител, ќе се празнува на 23 мај по новиот стил. Во досегашните истражувања, Крчовски го сместуваат само во книжевноста, меѓутоа неговата дејност сеуште не е доволно прочуена. Кратко пред канонизацијата од печат излезе нов труд, творба на сестринството од слепченскиот манастир „Свети Јован Претеча“ со наслов „Свети праведен Крчовски“, во која се изложени нови и значајни сознанија и расветлувања на овој македонски преродбеник. Јоаким Крчовски живеел од 1750 до 1820 година и се смета за еден од првите македонски просветители како свештеник и учител. Нема точна потврда каде е роден, но според одредени историски записи потекнува од К...

АРХИВА: Браќа ги врадија украдените мошти од манастирот Пречиста Кичевска

П ремудриот Бог, Кој однапред го знае исходот на секое дело, и од Чии очи не може да сокрие ни најмалото нешто, преку еден чудесен настан уште еднаш ни ја покажа Својата Промисла и грижата за Своите светињи. Имено, вчера во нашиот Манастир допатуваа благочестивите браќа Жарко и Златко Шурдоски, по потекло од с. Ложани, Струшко, кои побараа средба со нашиот старец, Архимандрит Партениј, со цел да му предадат некои работи. На средбата тие му соопштија на старецот дека имаат нешто што ѝ припаѓа на Црквата. Всушност, овие побожни браќа му го предадоа на отец Партениј сребреното ковчеже со мошти од Света Параскева, како и три сребрени престолни крста,  коишто биле украдени од Манастирот на Пресвета Богородица – Пречиста, Кичево, на 11 декември 2014 година . Светињите дошле до рацете на браќата според Божја промисла. Впрочем, крадецот, кој бил фатен од полицијата уште следниот ден, бегајќи од рацете на законот и сакајќи да ги отстрани доказите за сторената кражба, го фрлил ранецот со св...

МПЦ добила мошти од Св. Ѓорги Кратовски

Американско-канадската епархија на МПЦ-ОА по молба на парохиски свештеник ереј Горан Трпчевски,доби мошти од Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски, на дар од Драгалевскиот Манастир за истоимената црква во Детроит, САД. По милоста Божја и по молитвите на Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски и со благослов од нашиот надлежен Архиереј, Митрополитот на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија г. Методиј, на 8 септември 2019 лето Господово, во нашата Македонска Православна Црква-ОА “Св. Вмч Ѓорѓи Кратовски” во Фармингтон Хилс, Детроит Метро во Мичиген, САД, пристигнаа Моштите на светителот донесени од ѓаконот д-р Дејан Коруноски. По предавањето на Моштите, се одржа Света Архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот г. Методиј во сослужение на Архиерејскиот Намесник на Централно-западното Американско Архиерејско Намесништво, протоереј Драган Јорданов и парохискиот свештеник ереј Горан Трпчевски. После службата се пристапи кон поклонение на Светите Мошти...

Богатство од реликвии во Марков манастир

Марковиот манастир се наоѓа на околу 20 километри од Скопје. Посветен му е на Светиот маченик Димитриј Солунски. Во моментов е населен од сестринство. Манастирската ризница по Божја промисла и благослов на светиите Христови чува делови од светите мошти на бројни жители на небесниот Ерусалим.  Света Елисавета Руска 44 монаси маченици од манастирот Лавра во Палестина дел од реброто на Свети Димитриј Солунски дел од кожата на Св.Ана , мајка на Пресвета Богородица Св.Јован Крстител Св.Николај Мирликиски (Св.Никола) Св.Серафим Саровски Св.Јован Златоуст Св.Елена Св.Гаврил Лесновски Св.Петар Александриски дел од појасот и марамата на Богородица Св.Александар Свирски Св.Игнатиј Св.Варвара честица од чесниот Крст св.Ефрем Сирин Св.Кирил Александриски св.Христофор Св.Викторија Св.Василиј Велики Св.Кузман и Дамјан Св.Ап.Марко Св.Пантелејмон * Бројот изнесува околу 30-тина.