Skip to main content

МОШТИТЕ НА СВЕТИ ЈОСИФ ОБРУЧНИКОТ ВО ТЕТОВО



На 06.11.2014, при посета на Тетовско-гостиварската епархија и соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, отец Рафаел Коммерс од Руската црква во Холандија, донесе голем Божји благослов на нашата епархија преку моштите на свети Јосиф Обручникот. Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, му заблагодари на Бога што го удостои во своите раце да ги држи моштите на својот застапник и молитвеник пред Бога чие што име го носи.





Comments

Popular posts from this blog

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Света Преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска

Oваа малку позната монахиња и пред нејзиното официјално канонизирање, верниците во Српската православна црква сепак ја сметале за светица и голема сoвремена подвижница. Во Македонија нејзиниот култ е посебно почитуван во манастирот во кој се наоѓаат нејзините мошти и со години на неколку празници се изложуваат во манастирот во село Крстоар, Битолско. А СПЦ има издадено книга посветена на светителката    „Христе, животе мој“ која во 2023 година го добива третото и дополнето издание.   Нејзините писма во 1963 година ги открива тогаш веќе дипломираниот теолог Ристо Радовиќ подоцна митрополит Амфилохие, во библиотеката на Дечанскиот манастир, тој со години собирал сведоштва за нејзиниот живот, бил во нејзиното родно место, во местото каде што била нејзината куќа и го барал нејзиниот гроб во манастирот Свети Христофор. Нејзиното име и го дал на монахињата Стефанида, избирајќи ја за свој небесен покровител. Која со негов благослов напиша акатист за преподобната Стефанида. Препо...

МПЦ добила мошти од Св. Ѓорги Кратовски

Американско-канадската епархија на МПЦ-ОА по молба на парохиски свештеник ереј Горан Трпчевски,доби мошти од Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски, на дар од Драгалевскиот Манастир за истоимената црква во Детроит, САД. По милоста Божја и по молитвите на Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски и со благослов од нашиот надлежен Архиереј, Митрополитот на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија г. Методиј, на 8 септември 2019 лето Господово, во нашата Македонска Православна Црква-ОА “Св. Вмч Ѓорѓи Кратовски” во Фармингтон Хилс, Детроит Метро во Мичиген, САД, пристигнаа Моштите на светителот донесени од ѓаконот д-р Дејан Коруноски. По предавањето на Моштите, се одржа Света Архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот г. Методиј во сослужение на Архиерејскиот Намесник на Централно-западното Американско Архиерејско Намесништво, протоереј Драган Јорданов и парохискиот свештеник ереј Горан Трпчевски. После службата се пристапи кон поклонение на Светите Мошти...

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Светите исповедници и праведни Спасе и Спаса Вишенски

    На околу два километри североисточно од селото Вишни, Струшко, по кањонот на реката Сушица, се наоѓа пештерната црква Свети Спас (Вознесение Христово) во чија непосредна близина се наоѓаат Вишенски извори.   Во струшкиот крај, поточно во селата  Вишни  и  Вевчани , Спасовден е ден кога тамошните луѓе се потсетуваат на една стара легенда. Како што кажува таа – во Вевчани некогаш живееле брат и сестра  Спасе и Спаса   кои   бегале од турците з а да ја спасат честа своја, на родот и верата христијанска. Побегнале на две страни, разделувајќи се со тешко срце, но со аманет, така осамени да го дочуваат заветот. Барем едниот од нив, ако преживее. За среќа, преживеале двајцата. Таа, своето скровиште го побарала во дивиот предел на кањонот на Сушица, во пештера тајна и скришна, високо во карпите  и се населила на непристапни терени.   Спасе станал пустиник, талкајќи низ високата гора и се оддал на аскетски живот, често пр...