Архимандрит Партениј заедно со дел од Бигорското монашко братство ја посетија Светата Атонска Гора при што ги посетија Свештените обители: Григоријат , Дохијар, Симонопетра Зограф , како и светогорската престолнина-Кареја. При што браќата присуствуваа на сеноќна молитва на света Анастасија Римјанка на која чиночалалствуваше митрополитот на Китрос,Катерини и Платамон г.Георгиј, се поклонаа на бројните манастирските светињи меѓу кои и на гробот на старец Георгиј Капсанис , се поучија и духовно насладија од бројните проповеди на светогорските старци, а во последната светогорска обител која ја посетија го добија многу вредниот дар честица од черепот на Антолиј Зографски.
Oваа малку позната монахиња и пред нејзиното официјално канонизирање, верниците во Српската православна црква сепак ја сметале за светица и голема сoвремена подвижница. Во Македонија нејзиниот култ е посебно почитуван во манастирот во кој се наоѓаат нејзините мошти и со години на неколку празници се изложуваат во манастирот во село Крстоар, Битолско. А СПЦ има издадено книга посветена на светителката „Христе, животе мој“ која во 2023 година го добива третото и дополнето издание. Нејзините писма во 1963 година ги открива тогаш веќе дипломираниот теолог Ристо Радовиќ подоцна митрополит Амфилохие, во библиотеката на Дечанскиот манастир, тој со години собирал сведоштва за нејзиниот живот, бил во нејзиното родно место, во местото каде што била нејзината куќа и го барал нејзиниот гроб во манастирот Свети Христофор. Нејзиното име и го дал на монахињата Стефанида, избирајќи ја за свој небесен покровител. Која со негов благослов напиша акатист за преподобната Стефанида. Препо...
Comments
Post a Comment