Skip to main content

НОВИ СВЕТИТЕЛИ : Свети Кипријан Слепчански

Игуменот Kипријан Слепченски, кого Турците го спалиле ограбувајќи го манастирот „Свети Јован Претеча“ во демирхисарско Слепче и починал во маченичка смрт на Велигден пред 237 години, ќе биде прогласен за светец. Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква на редовна седница одржана на 24 февруари годинава одлучил канонизацијата да се одржи на 30 април, датумот на неговото упокојување во 1780 година.
Според досегашните научни сознанија се знае дека Kипријан служел во манастирот „Св. Јован Претеча“ кај Слепче и оти маченички се упокоил на Велигден во 1780 година. Се претпоставува дека бил на возраст од околу 60 години.

Игуменот Kипријан бил погребан во дворот на црквата во Слепче. За маченичката смрт на Kипријан има вреден запис на македонски народен говор, зачуван од 1780 година. Непознат автор овој текст го допишал во многу постаро евангелие, поточно во „Четвороевангелие“ од 1548 година на познатиот македонски книжевник Висарион Дебарски. Во вметнатиот запис на непознатиот автор пишува дека во 1780 година „среде лето се стори скапија, пченицата помина килото дванаисет гроша, а хршта помина килото осом гроша и раната за имајнето се стори скапа, сеното помина по три.“
Во записот понатаму е напишано дека Турци го ограбиле манастирот во Слепче и го спалиле игуменот. „Во априли месец на ден Велики Четврток на вечерта влегоа харамии Турци колунци и фати игумена Kупријана и го мачеа со оган го гориа за аспри и аспри немаше да мо дадит три дни бист на велик ден почина“.
Запишано е дека арамиите при грабежот од манастирот украле и свети мошти со сребрена кутија, која чинела 120 гроша, три икони, бакар, руба и с` што пронашле во храмот однеле во Монастир (Битола). 
Синаксар
Во 17от/30от ден од месецот Април спомен празнуваме на светиот свештеномаченик Кипријан, игумен на славната Слепченска обител на чесниот Претеча, кој пострада во оган од нечестивите Агарјани во 1780 г.
Во времето кога заради гревовите човечки, Бог допушти Исмаилќаните да завладеат со Балканските земји, една група од нивни арамии ја нападна славната Слепченска обител на чесниот Претеча на Велики четврток во 1780 г. Притоа свирепо го мачеа игуменот Кипријан и го гореа по целото тело, а тој, пак, поткрепен од Христа храбро застана како столб и поткрепа на доверената му обител, одбивајќи да отстапи пред заканите на иноверните. Оставајќи го полумртов, разбојниците зедоа сè што беше вредно во манастирот. Храбриот, пак, Кипријан по тридневното страдање, замина при Христа на денот на Неговото славно тридневно воскресение.
Тропар, глас 3ти: На божествената вера…
Велик ревнител за православието,* и нов маченик на Христа Бога,* се покажа мудар Кипријане,* заблудата агарина презирајќи ја,* и сите страдања машки ги претрпе.* Оче преподобен Христа Бога моли Го,* да ни дарува милост голема.
Кондак, глас 8ми: Тебе, Богородице…
Со бденија и подвиг добро утврден,* од лути маки, оче, не се исплаши,* но посака да пострадаш ти за Господа* и верните на Мухамед ги посрами* и од огнот раце кон Бога подигна, затоа пееме: Радувај се Кипријане преподобен.

Comments

Popular posts from this blog

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Света Преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска

Oваа малку позната монахиња и пред нејзиното официјално канонизирање, верниците во Српската православна црква сепак ја сметале за светица и голема сoвремена подвижница. Во Македонија нејзиниот култ е посебно почитуван во манастирот во кој се наоѓаат нејзините мошти и со години на неколку празници се изложуваат во манастирот во село Крстоар, Битолско. А СПЦ има издадено книга посветена на светителката    „Христе, животе мој“ која во 2023 година го добива третото и дополнето издание.   Нејзините писма во 1963 година ги открива тогаш веќе дипломираниот теолог Ристо Радовиќ подоцна митрополит Амфилохие, во библиотеката на Дечанскиот манастир, тој со години собирал сведоштва за нејзиниот живот, бил во нејзиното родно место, во местото каде што била нејзината куќа и го барал нејзиниот гроб во манастирот Свети Христофор. Нејзиното име и го дал на монахињата Стефанида, избирајќи ја за свој небесен покровител. Која со негов благослов напиша акатист за преподобната Стефанида. Препо...

МПЦ добила мошти од Св. Ѓорги Кратовски

Американско-канадската епархија на МПЦ-ОА по молба на парохиски свештеник ереј Горан Трпчевски,доби мошти од Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски, на дар од Драгалевскиот Манастир за истоимената црква во Детроит, САД. По милоста Божја и по молитвите на Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски и со благослов од нашиот надлежен Архиереј, Митрополитот на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија г. Методиј, на 8 септември 2019 лето Господово, во нашата Македонска Православна Црква-ОА “Св. Вмч Ѓорѓи Кратовски” во Фармингтон Хилс, Детроит Метро во Мичиген, САД, пристигнаа Моштите на светителот донесени од ѓаконот д-р Дејан Коруноски. По предавањето на Моштите, се одржа Света Архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот г. Методиј во сослужение на Архиерејскиот Намесник на Централно-западното Американско Архиерејско Намесништво, протоереј Драган Јорданов и парохискиот свештеник ереј Горан Трпчевски. После службата се пристапи кон поклонение на Светите Мошти...

Мошти од (Свети) Јоаникиј Ракотински прават чуда во манастир во Грција

Архимандрит Порфириј, Игумен на Свештената Обител на Манастирот Свети Јован Крстител кај Верија, Грција,  напиша текст за канонизацијата на Светиот Јоаникиј од Ракотинци, што Македонската православна црква ќе ја изврши оваа година. А рхимандритот Порфириј пред повеќе од дваесет години во црковен весник од Охрид за првпат ја видел веста и фотографиите за Јоанкиј од Ракотинци. После неколку години од неговото населување во манастирот кај Верија тој повторно бил во посета на Македонија, кога и имал прилика да се поклони на моштите на Јоанакиј од Ракотинци но и да добие честица од неговите мошти како подарок од Архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.  Следуваат сведоштва за чуда со моштите на Јоанкиј Ракотински Неговите мошти ги дадовме на чување за благослов на една жена болна од тешки психички проблеми и таа доби големо утешување. Но, се случи и ова: зетот на нејзината ќерка, Георгиј, едно добро, но нецрковно момче, го посетил нејзиниот дом и таа му рекла:...