Архимандрит Порфириј, Игумен на Свештената Обител на Манастирот Свети Јован Крстител кај Верија, Грција, напиша текст за канонизацијата на Светиот Јоаникиј од Ракотинци, што Македонската православна црква ќе ја изврши оваа година.
Архимандритот Порфириј пред повеќе од дваесет години во црковен весник од Охрид за првпат ја видел веста и фотографиите за Јоанкиј од Ракотинци. После неколку години од неговото населување во манастирот кај Верија тој повторно бил во посета на Македонија, кога и имал прилика да се поклони на моштите на Јоанакиј од Ракотинци но и да добие честица од неговите мошти како подарок од Архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.
Следуваат сведоштва за чуда со моштите на Јоанкиј Ракотински
Неговите мошти ги дадовме на чување за благослов на една жена болна од тешки психички проблеми и таа доби големо утешување. Но, се случи и ова: зетот на нејзината ќерка, Георгиј, едно добро, но нецрковно момче, го посетил нејзиниот дом и таа му рекла: Јорго, ова се мошти од еден светител, поклонете му се. Младичот, вака-така се прекрстил и ги целивал чесните мошти. Имал камења во бубрезите, големи колку топче за пинг-понг, по еден во секој. Во понеделникот што следувал требало да оди во болница на операција. Но, на испитувањата пред хируршкиот зафат, се утврдило дека камењата се исчезнати, без болка и без трага. Во друг случај, мало девојче, кое страдаше од страшен демон „по наследно право“, доживеа големо чудо и скоро потполно се смири кога ги целива моштите. Друга жена болна од рак, која лекарите ја отпишале од живите, светителот ја озари и откако помина скоро година, продолжува да живее, да се радува и да го прославува Божјиот Светија, пишува Архимандритот Порфириј.

Comments
Post a Comment