Skip to main content

Бигорски манастир доби мошти од Светиот новомаченик Јован од Коница

Бигорскиот манастир ја збогати својата светителска ризница со делче од светите мошти на Светиот новомаченик Јован од Коница. Делчето од моштите е подарок на игуменот на светогорскиот манастир Дохијар архимандрит Григориј кој претходно ја подари копијата од чудотворна икона во Струмица. Моштите му беа подарени на братството на манастирот предовдено од архимандрит Партениј кое беше во посета на Света Гора


Светиот Новомаченик Јован од Коница, Епир,  пострадал маченички од Агарјаните на 23 септември 1814 година во Врахори.
Житие на Светиот новомаченик Јован од Коница



Comments

Popular posts from this blog

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Света Преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска

Oваа малку позната монахиња и пред нејзиното официјално канонизирање, верниците во Српската православна црква сепак ја сметале за светица и голема сoвремена подвижница. Во Македонија нејзиниот култ е посебно почитуван во манастирот во кој се наоѓаат нејзините мошти и со години на неколку празници се изложуваат во манастирот во село Крстоар, Битолско. А СПЦ има издадено книга посветена на светителката    „Христе, животе мој“ која во 2023 година го добива третото и дополнето издание.   Нејзините писма во 1963 година ги открива тогаш веќе дипломираниот теолог Ристо Радовиќ подоцна митрополит Амфилохие, во библиотеката на Дечанскиот манастир, тој со години собирал сведоштва за нејзиниот живот, бил во нејзиното родно место, во местото каде што била нејзината куќа и го барал нејзиниот гроб во манастирот Свети Христофор. Нејзиното име и го дал на монахињата Стефанида, избирајќи ја за свој небесен покровител. Која со негов благослов напиша акатист за преподобната Стефанида. Препо...

МПЦ добила мошти од Св. Ѓорги Кратовски

Американско-канадската епархија на МПЦ-ОА по молба на парохиски свештеник ереј Горан Трпчевски,доби мошти од Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски, на дар од Драгалевскиот Манастир за истоимената црква во Детроит, САД. По милоста Божја и по молитвите на Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски и со благослов од нашиот надлежен Архиереј, Митрополитот на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија г. Методиј, на 8 септември 2019 лето Господово, во нашата Македонска Православна Црква-ОА “Св. Вмч Ѓорѓи Кратовски” во Фармингтон Хилс, Детроит Метро во Мичиген, САД, пристигнаа Моштите на светителот донесени од ѓаконот д-р Дејан Коруноски. По предавањето на Моштите, се одржа Света Архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот г. Методиј во сослужение на Архиерејскиот Намесник на Централно-западното Американско Архиерејско Намесништво, протоереј Драган Јорданов и парохискиот свештеник ереј Горан Трпчевски. После службата се пристапи кон поклонение на Светите Мошти...

За прв пат изложено нетрулежното тело на Св. Гаврил Светогорец, Епископ Велички

На свечениот чин на канонизација на првиот современ светија на МПЦ-ОА истовремено и нејзин поранешен епископ, Светитот Гаврил Светогорец, Епископ Велички која се одржа на 28 мај 2017г. во Соборниот храм во Штип за прв пат јавно беше изложено неговото  нетрулежно тело. Појавата нетрулежните останки во христијанството се смета за силен знак на светоста. Светите мошти на Епископот кој претходно беа ексхумирани од неговото вечно почивалиште во Лесновскиот манастир ќе бидат изложени во истиот манастир. Моштите се положени во застаклен рачно изработен и зографисан кивот.