
Сребрената
кутија со моштите на св. Климент
Охридски е пронајдена во нишата на ѓакониконот во олтарскиот
простор на црквата Св. Никола во
Крушево во 2005г. Потекнува од манастирот Св. Наум Охридски, а денес се
наоѓа во ризницата на Битолската
Митрополија, Сребрената кутија со моштите
на св. Климент е со димензии: 21
см должина, 13 см широчина х 16
висина. Таа има правоаголна форма и издигнат профилиран капак. Аглите на кутијата се изведени во вид на столпчиња, кои во
долниот дел завршуваат во вид на
ногарки.
Во средината на капакот, во
медалјон формиран од два лачно
извиткани листа на акант, претставен е модел на двокуполна црква,
зад која веројатно се наоѓа камбанарија или дел од манастирски конаци. Под отворот во кој се сместени моштите на св. Климент се наоѓа следниов натпис: ΤΟ ΠΑΓΟΝ
ΕΓΕΝΕ ΤΟ ΕΠΙ ΤΟΝ ΗΜΕΡѠΝ ΤΟΥ
ΠΑΝ ΗΓΟΥΜΕΝΟΥ ΤΟΥ ΑΓΙΟΥ
ΝΑΟΥΜΟΥ CΕΡΑΦΕΜ ΙΕΡ. 1838
ΔΕΚΒΡΟΥ 10 8 .
Од овој натпис дознаваме дека
сребрената кутија со моштите на св.
Климент и на св. Евстатиј потекнува
од манастирот Св. Наум Охридски и
дека била направена во 1838 година,
на 10 декември, во времето на игуменот Серафим. Во внатрешноста на сребрената кутија, на
рамна сребрена плоча, направени се три отвори
во кои се сместени мошти на св. Климент и на
св. Евстатиј. До секој отвор стои легенда,
која објаснува од кој светител се моштите. Во средината на сребрената плоча се наоѓа аплициран
сребрен крст, декориран со оскудна гранулација
Лево и десно од крстот, врз сребрената плоча се
изгравирани листови од некое цвеќе.


Comments
Post a Comment