Skip to main content

Posts

Репортажа:Коски од светогорски монах мироточат во Велјуса

Парче од мошти на светогорски монах во 2010 година пристигна во манастирот Велјуса на голема на сестринството и сите верници од Струмичката епархија .Имено моштите по кратко време  почнале да мироточат , појава кој и до денес се повторува често покрај мироточењето од моштите се шири посебно благоухание.

Мошти на либанскиот преподобномаченик Јаков Хаматурски во Бигорски

11.01.2015 -За време на божиќните празници во Манастирот Свети Јован Бигорски покрај бројните верници беа присутни и двајца браќа монаси од православниот манастир Хаматура  посветен на Успението на Мајката Божја кој се наоѓа во близина на градот Кусва во државата Либан .Со благослов на нивниот достојнопочитуван старец и игумен високопреподобниот архимандрит Пантелјемон  а со посредство на духовното чедо на нашиот старец Партениј Даниел Колевски од Охрид  отците Ефтимиј и Антониј на манастирот му подарија поголемо делче од моштите на светиот преподобно маченик Јаков Хаматурски .

Репортажа: За моштите на старец Јосиф Исихаст во Водоча

Поминаа повеќе од 10 години од како  во јули 2004 година во посета на манастирите Свети Леонтиј во Водоча и Света Богородица Елеуса во Велјуса во Струмичката Епархија на Македонска православна црква пристигнаа старецот на манастирот Свето Преображение од Бостон (САД)   о.Пантелејмон во придружба на  монахот Димитриј . Монасите на манастирите му подарија мошти на преподобен Јосиф Спилеот , старец Пантелејмон е духовно чедо на возобновителот на Исихазмот во моншатвото во минатиот век.Лицата на Браќата и сестрите  од манастирите Водоча и Велјуса предводени од високопреосвештениот Митрополит Наум беа озарени со среќа  заради големиот благослов, со стравопочит се покланаа на моштите а потоа ги положија на светиот Престол каде се чуват и денес.  Почитуван старец Пантелејмон нашите молитви секогаш ќе бидат со вас !

Во Тетово изложени свети мошти

На 27.12.2014 година  , во 29-та недела по Педесетница (на Богоотците), и кога црквата го слави споменот на св. свешт. м.ч. Елефтериј, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово беа изложени парчиња од светите мошти на Свети Елефтериј Рамноапостол Илирички и Свети Пахомиј Велики кој се наоѓат во храмот.

Украдени мошти на Света Параскева

11.12.2014  Министерството за внатрешни работи на РМ и Дебарско кичевската епархија сопштија дека вчера вечер се случи трагичен настан во манастирот Пречиста кај Кичево при што се осиромаши светителската ризница Македонската Православна Црква  покрај останатото беа украдени свети мошти на Света Параскева што нажалост не е прв случај во МПЦ .

Честицата од чесниот крст на богсловот Стојанче Андов

Честицата од чесниот крст која беша една од реликвиите кои младиот богослов Стојанче Андов ги донесе во Македонија од Манастирот Џорданвил во САД каде што тој студира предизвика големо внимание меѓу македонците еве како света честица дојде во рацете на Стојанче: Стојанче- “ Честицата од Чесниот Крст ја добив од Митрополитот на Руската Задгранична Црква, Иларион. Кога доаѓаше во Џорданвил, местото каде што учам, често разговарав со него на духовни теми. Животот во САД не е едноставен. Има многу искушенија. Почетоците овде ми беа малку тешки и повеќе страдав во своите подвизи, па разговорите со овој владика ме охрабруваа. Тој веќе ме знаеше, го познаваше мојот карактер, мојата слабост... Пред две години бев кај него на гости, во Њујорк, на неколку дена. Таму, од продавницата купив за себе еден крст со средна големина. Всушност тој сребрен крст беше дизајниран и направен со простор за свети мошти. Јас тоа не го забележав. Вечерта му го покажав на Митрополитот и тој ми рече: “О, ова е к...

Младите Бигорски монаси во посета на Света Гора

Архимандрит Партениј заедно со дел од Бигорското монашко братство  ја посетија Светата Атонска Гора при што ги посетија Свештените обители: Григоријат , Дохијар, Симонопетра Зограф , како и светогорската престолнина-Кареја. При што браќата присуствуваа на сеноќна молитва на света Анастасија Римјанка на која чиночалалствуваше митрополитот на Китрос,Катерини и Платамон г.Георгиј, се поклонаа на бројните манастирските светињи меѓу кои и на гробот на старец Георгиј Капсанис , се поучија и духовно насладија од бројните проповеди на светогорските старци, а во последната светогорска обител која ја посетија го добија многу вредниот дар честица од черепот на Антолиј Зографски .