Архепископот охридски и македонски, г.г. Стефан , во присуство на членовите на државната и на црковната делегација и Скопскиот Бискуп монсињор Киро Стојанов, ја освети спомен-плочата поставена како благодарност на македонскиот народ за делото на сесловенските просветители Кирил и Методиј, во Базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим. Спомен плочата беше поставена во ноември 2015 година при посетата на Претседателот Ѓорге Иванов на Ватикан, кој воедно беше и иницијатор за поставувањето на оваа плоча во една од најзначајните базилики во Рим.
На плочата е испишан текстот „„Во оваа базилика на Санта Марија Маџоре, папата Адријан Втори во 868 година ги освети донесените словенски книги во Рим од светите браќа Константин Кирил и Методиј создавачите на словенската писменост. Од благодарниот макеоднски народ“.
извор: Религија.мк
Comments
Post a Comment