На 30.04.2017 г., во Неделата посветена на Жените Мироносици, во манастирот посветен на Светиот Јован Претеча во Слепче, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија, на која постраданиот свештеномаченик Кипријан беше вброен во диптохот на Светите.
На Божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Архиереите, Петар, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, Тимотеј, Митрополит Дебарско-кически и администратор Австралиско-сиднејски, Агатангел, Митрополит Повардарски, Пимен, Митрополит Европски, Иларион, Митрополит Брегалнички, Јосиф, Митрополит Тетовско-гостиварски, и Климент, Епископ Хераклејски. Како и Архимандритите Партениј, Нектариј и Никола. Игумените Серафим, Агатон и Григориј.
После Божествената Литургија, во дворот на манастирот беше осветен Камен-темелникот на новите манастирски конаци, кои ќе сведочат за возродувањето и духовниот развој на монашкиот живот во манастирот и продолжување на сведоштвото на преподобниот. Присуствуваа многуценети гости, претставници од локалните власти, многупочитуваниот советник-министер на Руската-Амбасада во Македонија, г-динот Константин Берсенев, Деканот на Православниот Богословски Факултет, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, градоначалникот на Демир Хисар и др.
Comments
Post a Comment