Skip to main content

На канонизацијата прв пат ќе бидат изложени светите мошти на Епископот Велички Гаврил

Првпат по 27 години од  упокојувањето, на 28ми мај, на денот на канонизацијата на епископот Велички г.Гаврил, јавно ќе бидат изложени неговите свети мошти во Соборниот храм Свети Никола - Штип.
Посмртните останки на епископот Гаврил беа погребани на манастирските гробишта на Лесновскиот манастир. МПЦ-Оа по повод 50 годишниот јубилеј од возобновувањето ќе го канонизира својот епископ во Соборниот храм во Штип.                                                     

Свеченостите ќе започнат на 27.05.2017 година во 18:00 часот со започнување на вечерната богослужба на која ќе чиноначалствува неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Следниот ден 28.05.2017 година во 08:15 часот ќе бидат донесени моштите на епископот Велички Гаврил Светогорец. Светата Архиерејска литургија ќе започне во 09:00 часот со која ќе началствува Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан, во сослужение на членовите од САС на МПЦ. На светата Литургија ќе биде објавена Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква за впишување во списокот на светиите на Епископот Велички Гаврил Светогорец . 

Comments

Popular posts from this blog

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Света Преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска

Oваа малку позната монахиња и пред нејзиното официјално канонизирање, верниците во Српската православна црква сепак ја сметале за светица и голема сoвремена подвижница. Во Македонија нејзиниот култ е посебно почитуван во манастирот во кој се наоѓаат нејзините мошти и со години на неколку празници се изложуваат во манастирот во село Крстоар, Битолско. А СПЦ има издадено книга посветена на светителката    „Христе, животе мој“ која во 2023 година го добива третото и дополнето издание.   Нејзините писма во 1963 година ги открива тогаш веќе дипломираниот теолог Ристо Радовиќ подоцна митрополит Амфилохие, во библиотеката на Дечанскиот манастир, тој со години собирал сведоштва за нејзиниот живот, бил во нејзиното родно место, во местото каде што била нејзината куќа и го барал нејзиниот гроб во манастирот Свети Христофор. Нејзиното име и го дал на монахињата Стефанида, избирајќи ја за свој небесен покровител. Која со негов благослов напиша акатист за преподобната Стефанида. Препо...

Канонизиран Св. Мч. Кипријан Слепчански

На 30.04.2017 г., во Неделата посветена на Жените Мироносици, во манастирот посветен на Светиот Јован Претеча во Слепче, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија, на која постраданиот свештеномаченик Кипријан беше вброен во диптохот на Светите. На Божествената Литургија  чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Архиереите, Петар, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, Тимотеј, Митрополит Дебарско-кически и администратор Австралиско-сиднејски, Агатангел, Митрополит Повардарски, Пимен, Митрополит Европски, Иларион, Митрополит Брегалнички, Јосиф, Митрополит Тетовско-гостиварски, и Климент, Епископ Хераклејски. Како и Архимандритите Партениј, Нектариј и Никола. Игумените Серафим, Агатон и Григориј. После Божествената Литургија, во дворот на манастирот беше осветен Камен-темелникот на новите манастирски конаци, кои ќе сведочат за возродувањето и духовниот развој на монашкиот ...

Мошти од (Свети) Јоаникиј Ракотински прават чуда во манастир во Грција

Архимандрит Порфириј, Игумен на Свештената Обител на Манастирот Свети Јован Крстител кај Верија, Грција,  напиша текст за канонизацијата на Светиот Јоаникиј од Ракотинци, што Македонската православна црква ќе ја изврши оваа година. А рхимандритот Порфириј пред повеќе од дваесет години во црковен весник од Охрид за првпат ја видел веста и фотографиите за Јоанкиј од Ракотинци. После неколку години од неговото населување во манастирот кај Верија тој повторно бил во посета на Македонија, кога и имал прилика да се поклони на моштите на Јоанакиј од Ракотинци но и да добие честица од неговите мошти како подарок од Архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.  Следуваат сведоштва за чуда со моштите на Јоанкиј Ракотински Неговите мошти ги дадовме на чување за благослов на една жена болна од тешки психички проблеми и таа доби големо утешување. Но, се случи и ова: зетот на нејзината ќерка, Георгиј, едно добро, но нецрковно момче, го посетил нејзиниот дом и таа му рекла:...