Епископот Велички Гаврил е роден на 12 јануари 1926 година во Штип како Мијалче од Православни родители Методиј ( подоцна, со монашко име, Кирил) И Горица Парнаџиеви. Основото и средно училиште ги завршува во родниот Штип. Од 1944 година бил учесник во НОБ подоцна прекомандуван во Корпусот на народната одбрана. По демобилизацијата бил во служба во Народниот одбор во Штип. Бил граничен секретар во Царево село (Делчево), потоа во Кавадарци и на граничната линија на Кајмакчалан. Потоа се запишува на Факултетот за ликовни уметности во Белград каде дипломира во 1955 година по што станува професор по уметност и историја на уметност во гимназијата и Учителската школа во Штип. Мијалче бил еден од најдобрите вајари во земјата, по оцената на ревизорот и познат уметник Борко Лазески, Мијалче бил и еден од најспособните педагози. Скулптурите на Мијалче (Гаврил) и татко му долго ги краселе парковите и институциите во Штип. Бидејќи скулптурите биле од гипс, кој е доста тежок за одржување голем дел се распаднале. Скулптурите додека бил жив ги одржувал таткото на Мијалче (Гаврил). Епископот во младоста бил мирен и повлечен но по ништо не заостанувал од врсниците, имемо тој го имал првото “фиќо“ во градот.
Епископот во 1963 година заминува на Света Гора. Постои верување дека при неговото пристигнување Епископот ја видел самата Богородица. Имено кога дошол до морето тој сакал да се измие при што здогледал жена која умилно го гледала. Жената по кратко време исчезнала. Наводно епископот заклучил дека се работи за самата Богородица бидејќи пристапот на жени на Света Гора е забранет.
За жал , затоа што бил македонец и несакал да се запише под друга националност , тој за време на на неговиот престој на Света Гора имал постојани политички проблеми од властите. Покрај спорното потекло многумина верувале дека го испратил тогашниот епископ а подоцна и прв архиепископ Доситеј да основа македонски манастир на Атон. Па затоа никогаш не добил грчко државјанство кое е неопходно за престој на Атон.
Епископот во 1963 година заминува на Света Гора. Постои верување дека при неговото пристигнување Епископот ја видел самата Богородица. Имено кога дошол до морето тој сакал да се измие при што здогледал жена која умилно го гледала. Жената по кратко време исчезнала. Наводно епископот заклучил дека се работи за самата Богородица бидејќи пристапот на жени на Света Гора е забранет.
За жал , затоа што бил македонец и несакал да се запише под друга националност , тој за време на на неговиот престој на Света Гора имал постојани политички проблеми од властите. Покрај спорното потекло многумина верувале дека го испратил тогашниот епископ а подоцна и прв архиепископ Доситеј да основа македонски манастир на Атон. Па затоа никогаш не добил грчко државјанство кое е неопходно за престој на Атон.
Во две прилики кога сакале да го протераат од Света Гора на чудесен начин Гаврил се спасил од протерување. Се споменуваат две такви случки кога во две разли прилики сакале да го протераат од света Гора во едниот случај кога влегол во една пештера пајак исплетол толку голема пајажина што гонителите не го виделе а во другиот случај, пак, го заштитиле змии.
Најдолго се задржал во рускиот манастир Камена во една пештера како послушник на отец Татјан Иванов ( Рус ) кој за жал , кратко време по тоа се упокојува во Господа па Гаврил го наследува . На Литургија И причест најчесто одел во манастирите Хиландар И свети Павле , каде заради неговиот исклучитен тивок карактер го добил И називот Невидливиот затоа шо ниту го гледале кога даѓа , ниту кога заминува единствено можеле да го видат кога пристапувал да се причести со светите И сппасителни животворни тајни Христови. Бил замонашен во манастирот св. Павле со монашко име, отец Гаврил.
Од Света Гора се вратил во 1971 година. По враќањето тој завршува Теолошки факултет во Скопје. За време на студиите се повлекува во неколку манастири. Прво во Матка каде во монаштовото му се придружил и неговиот татко. Подоцна во Побожје, Марков Манастир и Зрзе. Во Лесновски манастир трајно се доселува во 1975 година. Отец Гаврил го обновува и руираниот стар конак во манастирот и ја подигнува и Црквата Успение на света Богородица во Пробиштип која е прва и единствена црква во градот. Пишува и книги и есеи во повеќе црковни весници. Покрај уметничките рецензии автор е и на збирката поезија 33 Песни за Ерусалим. Света Гора – Небесна земја (1978 ), пред најголемиот лубилеј на човекот (1980), 2000-годишнината на христијанството е на прагот (1981) Правила и одредби на Православната Црква за постот (1994) и Отец Херувим (1998) и двете објавени постхумно.
Неговата преподобност била почитувана и надвор од нашата Црква. Пред да дојде од Света Гора србите сакале да го направат Владика во СПЦ, имал блиски врски со о. Емилијан Симонопетарски кој тоа време бил игумен на метеорите и сакал да го задржи о. Гаврил како игумен на дел од манстирите и подоцна го барале да биде игумен во скитот на св. Харитон Исповедник во Јеусалим.
Во 1981 од синодот на МПЦ бил унапреден во архимандрит а на 28. август на празникот на успение на Пресвет Богородица во 1989 е хиротонисан и за епископ со тиулата Велички.
Епископот бил многу строг кон себе до Злетово, Пробиштип па дури и Штип одел пеш. Кога спиел легнувал на земја или рогозина и во најголеми студови се покривал со едно ќебе со рачно извезени крстови. Не јадал скоро ништо освен суварки маслинки и чај. Не користел греење ни светилка луѓето дури по неговата смрт дознале дека во црквата има светло.
Неговата блиска смрт си ја предвидел и самиот си отслужил 40 заупокоени Литургии. Се упокојува мирно на молитва со своето сакано Евангелие на гради и со бројаницата во рака. Пред да се упокои самиот се си подготвил за својот погреб и на едно ливче напишал Јадењето подгответе го без масло, ги собрал своите духовни чеда од Лесново и им рекол: чеда мои, досега бев со вас, и сега веќе одам во Горниот Јерусалим и пак ќе бидам со вас и ќе ве чекам во Небесниот Јерусалим.
Се упокојува 12 Јануари 1990 година. и навистина не ги осtавил своите духовни чеда. По неговото заминување во Горниот Јерусам на многумина им се јавил во сон, а на едно негово духовно чедо на кое нагло почнал да му слабее видот, му се јавува на сон го излекува и се упатува кон црквичето Вознесение Христово Штип. Во домот на едно негово духовно чедо од неговата слика, која и ја дал додека бил жив, почнало да тече свето миро. А и до ден денес има знаци и чудеса на неговиот гроб од кого се чуствува и благопријатна миризба низ воздухот а селаните кажуваат дека по неговото упокојувње во Господа на неговиот гроб гледале светлина во вид на огнен столб.
ЧУДЕСА НА ЕПИСКОПОТ ГАВРИЛ
Едно дете, по име Ѓорѓи, од некое струмичко село, не можело да зборува и неговите родители честопати го носеле кај отец Гаврил да се моли за него. Еднаш, кога до однеле кај него за време на вечерната служба, тој го однел детето во храмот и му прочитал молитви. Наредниот ден отец Гаврил служел Света Литургија и за целото време се молел за детето. Откако тоа се причестило и откако завршила Литургијата, детето ги подигнало рацете нагоре и рекло: „Мамо!“ Сите присутни во храмот се израдувале и зачудиле, и му оддале слава на Бога, Кој прави чуда преку своите служители.
Преподобниот бил многу милостив и човекољубив со ближните. Еднаш, дошло некое семејство со трчање и во паника, бидејќи некоја кола го удрила нивниот син. Тогаш отец Гаврил влегол во храмот, веднаш започнал да се моли и доста време не излегол. Кога излегол им рекол: „Одете, детето ќе биде дома здраво и живо. Ама тоа е, сте работеле во недела. Внимавајте на неделата и богослужбата. Работевте ли денеска?“ Тогаш тие одговориле: „Работевме, работевме…“ „Епа друг пат нема да работите во недела“ – им одговорил отецот.
Comments
Post a Comment