Skip to main content

Posts

Бугарската православна црква ќе го канонизира свештеномаченикот Борис Разумов од битолско Ѓавато

Светиот Синод на Бугарската православна црква на заседанието одржано на 31 март оваа година, донел одлука да се започне со просецот за собирање на сведоштва за некогашниот Неврокопски митрополит Борис Разумов (1888-1948), со цел негово вбројување во Диптихот на Светиите на православната Христова Црква. Одлуката била донесена по претходно разгледување на предлогот изнесен од страна на сегашниот Неврокопски митрополит Серафим, кој ги запознал своите собраќа архиереи со основите за причислување на митрополитот Борис во соборот на Светиите. Сега претстои да се формира посебна комисија што ќе го разгледува ова прашање, собирајќи сведоштва за животот на овој речиси современ сведок на вистината Христова, како и за благодатната помош на луѓето, добиена по негово молитвено застапништво. Она што претставува голема радост за нас е фактот што свештеномаченикот Борис (Разумов) е родум Македонец, од  селото Ѓавато, Битолско. Бил роден на 8/26 ноември 1888 година, на самиот ден на Св. Вмч...

Блесна македонската икона во црквата во Назарет

Од денеска во базиликата на Свето Благовештение во Назарет во Израел се наоѓа икона со ликот на Пресвета Богородица како спомен обележје од Македонија. Обележјето го постави македонската делегација предводена од заменик министерот за Култура, Драган Недељковиќ и амбасадорот на Македонија во Израел Пајо Авировиќ. Иконата, во форма на мозаик е поставена во просторот каде се наоѓаат спомен обележја од речиси сите држави во светот и православни и католички.  Спомен обележјето при поставувањето го осветиле двајца свештеници на МПЦ од Скопската Епархија. На иконата е претставена реплика од познатата икона од Манастирот во Зрзе, „Св.Богородица пелагониста“. Иницијативата за поставувањето на ова спомен обележје е на Туристичката комора на Македонија, а за поставувањето на иконата мозаик, согласност и благослов дала и Македонската православна црква, преку Архиепископот охридски и македонски, г.г Стефан.

ЧУДО ВО ПРИЛЕП – МИРОТОЧИ ИКОНАТА НА СВ. НИКОДИМ ТИСМАНСКИ (ПРИЛЕПСКИ)

На 07.04.2015 г, кога го празнуваме Благовестието на Пресветата Богородица, во храмот „Св. Благовештение“ во Прилеп, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение со митрополитите Тетовско-Гостиварскиот Јосиф и Кумановско-Осоговскиот Јосиф, и епископот Хераклејски Климент, заедно со свештенослужителиот од истиот храм, отслужи божествена Литургија, на која го објави чудото кое се случило со иконата на св. Никодим Прилепски. Иконата на Свети Никодим Прилепски и Тимански почна да мироточи. Станува збор за икона која е копија на иконата зографисана во Зрзевската иконописна школа , од страна на монахот Тихон. Копијата е изработена од страна на чтец Стеванче Тодороски, прислужител во храмот св. Благовештение. Мироточењето е забележано на 30.03.2015, а на Цветници почна да благоуха – се работи за неколку капки, кои во почетокот беа мали, но со текот на времето се зголемуваа сè повеќе и повеќе. Ова е прва икона на преподобниот Никодим Прилепски и Тисмански, која мироточи во град...

Репортажа: Мошти на Мајка Тереза во Скопје

На чинот на свечено осветување на Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје кое се случи 19.10.2009 година за прв пат беше изложено малото парче од реликвијата на Мајка Тереза кое пристигна од Ватикан по благослов на Светата Столица а со посредство на Католичката верска заедница во Македонија предводена од многупочитуваниот Бискуп Киро Стојанов.Од тогаш па досега светите мошти се чуват во Скопје и се изложуват на поважни датуми.Последно беа изложени 5.09.2014 по повод 17 години од блаженото упокоение на Мајка Тереза. *Моштите се наоѓат во реликвијарот во форма на ѕвезда

Репортажа:Коски од светогорски монах мироточат во Велјуса

Парче од мошти на светогорски монах во 2010 година пристигна во манастирот Велјуса на голема на сестринството и сите верници од Струмичката епархија .Имено моштите по кратко време  почнале да мироточат , појава кој и до денес се повторува често покрај мироточењето од моштите се шири посебно благоухание.

Мошти на либанскиот преподобномаченик Јаков Хаматурски во Бигорски

11.01.2015 -За време на божиќните празници во Манастирот Свети Јован Бигорски покрај бројните верници беа присутни и двајца браќа монаси од православниот манастир Хаматура  посветен на Успението на Мајката Божја кој се наоѓа во близина на градот Кусва во државата Либан .Со благослов на нивниот достојнопочитуван старец и игумен високопреподобниот архимандрит Пантелјемон  а со посредство на духовното чедо на нашиот старец Партениј Даниел Колевски од Охрид  отците Ефтимиј и Антониј на манастирот му подарија поголемо делче од моштите на светиот преподобно маченик Јаков Хаматурски .

Репортажа: За моштите на старец Јосиф Исихаст во Водоча

Поминаа повеќе од 10 години од како  во јули 2004 година во посета на манастирите Свети Леонтиј во Водоча и Света Богородица Елеуса во Велјуса во Струмичката Епархија на Македонска православна црква пристигнаа старецот на манастирот Свето Преображение од Бостон (САД)   о.Пантелејмон во придружба на  монахот Димитриј . Монасите на манастирите му подарија мошти на преподобен Јосиф Спилеот , старец Пантелејмон е духовно чедо на возобновителот на Исихазмот во моншатвото во минатиот век.Лицата на Браќата и сестрите  од манастирите Водоча и Велјуса предводени од високопреосвештениот Митрополит Наум беа озарени со среќа  заради големиот благослов, со стравопочит се покланаа на моштите а потоа ги положија на светиот Престол каде се чуват и денес.  Почитуван старец Пантелејмон нашите молитви секогаш ќе бидат со вас !