Skip to main content

Posts

На канонизацијата, првпат ќе бидат изложени моштите на Кипријан Слепчански

Првпат по 237 години од трагичното упокојување, на 30ти април, на денот на канонизацијата , јавно ќе бидат изложени мошти од монахот Кипријан Слепченски. На сите верници што ќе присуствуваат на чинот на канонизирањето, манастирот ќе им поклнува памукче помазано од моштите на Кипријан. Моштите на монахот Кипријан пронајдени се пред неколку години во дворот на манастирската црква при изведувањето на некои градежни работи и се чуваат во истото сребрено ковчеже кое се спомнува во записите на Висарион и е пронајдено при истите градежни изведби. Бојата на моштите е невообичаено темна што е најоригинален показ дека Кипријан бил мачен и жив запален на Велигден во 1780 година.

Мошти од (Свети) Јоаникиј Ракотински прават чуда во манастир во Грција

Архимандрит Порфириј, Игумен на Свештената Обител на Манастирот Свети Јован Крстител кај Верија, Грција,  напиша текст за канонизацијата на Светиот Јоаникиј од Ракотинци, што Македонската православна црква ќе ја изврши оваа година. А рхимандритот Порфириј пред повеќе од дваесет години во црковен весник од Охрид за првпат ја видел веста и фотографиите за Јоанкиј од Ракотинци. После неколку години од неговото населување во манастирот кај Верија тој повторно бил во посета на Македонија, кога и имал прилика да се поклони на моштите на Јоанакиј од Ракотинци но и да добие честица од неговите мошти како подарок од Архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.  Следуваат сведоштва за чуда со моштите на Јоанкиј Ракотински Неговите мошти ги дадовме на чување за благослов на една жена болна од тешки психички проблеми и таа доби големо утешување. Но, се случи и ова: зетот на нејзината ќерка, Георгиј, едно добро, но нецрковно момче, го посетил нејзиниот дом и таа му рекла:...

НОВИ СВЕТИТЕЛИ : Свети Кипријан Слепчански

Игуменот Kипријан Слепченски , кого Турците го спалиле ограбувајќи го манастирот „Свети Јован Претеча“ во демирхисарско Слепче и починал во маченичка смрт на Велигден пред 237 години, ќе биде прогласен за светец. Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква на редовна седница одржана на 24 февруари годинава одлучил канонизацијата да се одржи на 30 април, датумот на неговото упокојување во 1780 година. Според досегашните научни сознанија се знае дека Kипријан служел во манастирот „Св. Јован Претеча“ кај Слепче и оти маченички се упокоил на Велигден во 1780 година. Се претпоставува дека бил на возраст од околу 60 години. Игуменот Kипријан бил погребан во дворот на црквата во Слепче. За маченичката смрт на Kипријан има вреден запис на македонски народен говор, зачуван од 1780 година. Непознат автор овој текст го допишал во многу постаро евангелие, поточно во „Четвороевангелие“ од 1548 година на познатиот македонски книжевник Висарион Дебарски. Во вметнатиот запис ...

МПЦ-ОА ќе канонизира три светители по повод јубилејот 50 години од возобновувањето на афтокефалноста

Тројца нови светители ќе се внесат во диптихот на светителите и календарот на Македонската православна црква по повод јубилејот 50 години од возобновувањето на афтокефалноста. Светиот Архиерејски синод на МПЦ-ОА, ги утврдил датумите за канонизација на Архимандритот Јоаникиј Ракотински, епископот Гаврил Велички и на Кипријан Слепченски. Првата канонизација ќе се случува во Слепчанскиот манастирот „Свети Јован Претеча“ во Демир Хисар на 30 април кога ќе биде прифатено неговото канонизирање од Бугарската православна црква. МПЦ ќе подготви житие и сите пропратни елементи за славењето на светецот, а исто така ќе бидат осветени и темели за параклис посветен на Кипријан Слепчански. Неполн месец потоа на 28 мај во Лесновскиот манастир, Архиереите на МПЦ ќе го прогласат за Светител епископот Гаврил Светогорец. А канонизацијата на Јоаникиј Ракотински е предвидена за 24 септември оваа година. Повеќе за новите светители прочитајте на: Свети Кипријан Слепчански

За именденот на отец Партениј, Бигорски доби мошти од Св. Партениј Лампсакисики

Делче од светите мошти на Свети Партениј Лампсакиски, по кој игуменот на Бигорскиот манастир архимандритот Партениј го добил името, пристигна во Бигорскиот манастир на денот на кој се празнува споменот на овој светител а воедно и именден на игуменот. Моштите пристигнале од Грција како дар за игуменот Партениј од негови долгогодишни пријатели. Архимандритот Партениј низ солзи рече: „Морам да ви кажам што носев пред малку во ковчежето. Пред почетокот на богослужбата браќата ми рекоа дека имаат уште едно изненадување за мене - имено, дека ќе дошол некој епископ од Грција, мој голем пријател. Јас без сомнеж им поверував, бидејќи имам многу пријатели епископи од Грција, и си помислив дека станува збор за некој од нив, но само се прашував кој би можел да биде тој. И навистина, на необичен начин дојде мојот најголем пријател меѓу епископите, оној чиешто име со радост го носам. Значи, ова што го гледате е делче од чесните мошти на Св. Партениј Лампсакиски, што нашиот Манастир ги ...

Осветена спомен плочата од македонскиот народ во Рим

Архепископот охридски и македонски, г.г. Стефан , во присуство на членовите на државната и на црковната делегација и Скопскиот Бискуп монсињор Киро Стојанов, ја освети спомен-плочата поставена како благодарност на македонскиот народ за делото на сесловенските просветители Кирил и Методиј, во Базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим.  Спомен плочата беше поставена во ноември 2015 година при посетата на Претседателот Ѓорге Иванов на Ватикан, кој воедно беше и иницијатор за поставувањето на оваа плоча во една од најзначајните базилики во Рим. На плочата е испишан текстот „„Во оваа базилика на Санта Марија Маџоре, папата Адријан Втори во 868 година ги освети донесените словенски книги во Рим од светите браќа Константин Кирил и Методиј создавачите на словенската писменост. Од благодарниот макеоднски народ“. извор: Религија.мк

Митра изработена од монахињите од Рајчица и за Папата Франциск

Папата Франциск се вброи во листата светски христијански поглавари кои добиле митра, рачно изработена од монахињите од бигорското сестринство. Митрата е подарок од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски од традиционалната аудиенција во Ватикан. Станува збор за уникатна и раскошна рачно изработена митра со белег на специфичната македонска култура и уметничка традиција изработена со охридски бисери.  Монахињите од манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во Рајчица, инаку метох на  Бигорски манастир оваа митра ја изработувале специјално за Папата Франциск. Монахињите имаат изработено околу 700 митри за целиот Православен свет, вклучително и за Вселенскиот, Рускиот, Ерусалимскиот Патријарх. Митрата како што е добро познато е символ на трновиот венец Христов и своевиден потсетник на одговорноста што претстојателот ја носи пред Бога како поглавар на својот народ. Иако пред неколку децении со Ватиканскиот Концил беше укинато носењето на вакви митри, сепак, митрата беше подарен...