Skip to main content

Posts

Марков манастир доби свети мошти од руски монах од Австралија

Марковиот манастир, во близина на Скопје доби мошти од света Елисавета Руска и од 44 монаси маченици од манастирот Лавра во Палестина. Моштите се подарок од монах на Руската православна црква од Австралија. Тој светите мошти и ги подарил на Игуменијата на Марковиот манастир, Сестра Илијана, при нејзиното поклоничко патување во Австралија. Игуменијата Илијана заедно со една од сестрите, го посетиле рускиот скит посветен на Свети Јован Крстител, и старецот Јоаким, монах со австралијанско потекло, кој и ги подарил моштите од света Елисавета Руска и од 44 монаси маченици од манастирот Лавра во Палестина. Светите мошти, ќе бидат изложени во параклисот на Светиот Апостол и Евангелист Марко.

РЕПОРТАЖА: Мошти на Свети Климент Охридски во црквата „Пресвета Богородица“ - Битола

Мошти на Свети Климент Охридски од неодамна се во посед на  црквата „Пресвета Богородица“ - Битола . Моштите на Свети Климент беа неодамна изложени во овој храм за поклонение на група верници.

Бигорски манастир доби мошти од Светиот новомаченик Јован од Коница

Бигорскиот манастир ја збогати својата светителска ризница со делче од светите мошти на Светиот новомаченик Јован од Коница. Делчето од моштите е подарок на игуменот на светогорскиот манастир Дохијар архимандрит Григориј кој претходно ја подари копијата од чудотворна икона во Струмица. Моштите му беа подарени на братството на манастирот предовдено од архимандрит Партениј кое беше во  посета на Света Гора Светиот Новомаченик Јован од Коница, Епир,  пострадал маченички од Агарјаните на 23 септември 1814 година во Врахори. Житие на Светиот новомаченик Јован од Коница

СТОРИЈА: Моштите на Свети Климент Охридски и Св.Евстатиј во Битолската митрополија

Сребрената кутија со моштите на св. Климент Охридски е пронајдена во нишата на ѓакониконот во олтарскиот простор на црквата Св. Никола во Крушево во 2005г. Потекнува од манастирот Св. Наум Охридски, а денес се наоѓа во ризницата на Битолската Митрополија, Сребрената кутија со моштите на св. Климент е со димензии: 21 см должина, 13 см широчина х 16 висина. Таа има правоаголна форма и издигнат профилиран капак. Аглите на кутијата се изведени во вид на столпчиња, кои во долниот дел завршуваат во вид на ногарки. Во средината на капакот, во медалјон формиран од два лачно извиткани листа на акант, претставен е модел на двокуполна црква, зад која веројатно се наоѓа камбанарија или дел од манастирски конаци. Под отворот во кој се сместени моштите на св. Климент се наоѓа следниов натпис: ΤΟ ΠΑΓΟΝ ΕΓΕΝΕ ΤΟ ΕΠΙ ΤΟΝ ΗΜΕΡѠΝ ΤΟΥ ΠΑΝ ΗΓΟΥΜΕΝΟΥ ΤΟΥ ΑΓΙΟΥ ΝΑΟΥΜΟΥ CΕΡΑΦΕΜ ΙΕΡ. 1838 ΔΕΚΒΡΟΥ 10 8 . Од овој натпис дознаваме дека сребрената кутија со моштите на св. Климент и на св. Евстатиј потекнува од ман...

Канонизиран Св. Гаврил Светогорец, Епископ Велички

На 28. 05. 2017 година, во годината кога МПЦ – ОА слави 50 – годишен јубилеј од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ – ОА и канонизација на Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип.  На Божествената Литургија  чиноначалствуваш е    Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и членовите на САС на МПЦ, Митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, Митополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополиот Европски г. Пимен, Митрополит Брегалнички г.Иларион, Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско – осоговски г. Јосиф и Епископот Хераклејски г. Климен и Архимандритите Нектариј, Партениј, Дамаскин и Григориј, Игумени од повеќе манастири и свештеноереи од МПЦ – ОА . Епископот г. Климен ја произнесе ...

За прв пат изложено нетрулежното тело на Св. Гаврил Светогорец, Епископ Велички

На свечениот чин на канонизација на првиот современ светија на МПЦ-ОА истовремено и нејзин поранешен епископ, Светитот Гаврил Светогорец, Епископ Велички која се одржа на 28 мај 2017г. во Соборниот храм во Штип за прв пат јавно беше изложено неговото  нетрулежно тело. Појавата нетрулежните останки во христијанството се смета за силен знак на светоста. Светите мошти на Епископот кој претходно беа ексхумирани од неговото вечно почивалиште во Лесновскиот манастир ќе бидат изложени во истиот манастир. Моштите се положени во застаклен рачно изработен и зографисан кивот.

НОВИ СВЕТИТЕЛИ : Свети Гаврил Светогорец Епископ Велички

Епископот Велички Гаврил е роден на 12 јануари 1926 година  во Штип како Мијалче од Православни родители Методиј ( подоцна, со монашко име, Кирил) И Горица Парнаџиеви. Основото и средно училиште ги завршува во родниот Штип. Од 1944 година бил учесник во НОБ подоцна прекомандуван во Корпусот на народната одбрана. По демобилизацијата бил во служба во Народниот одбор во Штип. Бил граничен секретар во Царево село (Делчево), потоа во Кавадарци и на граничната линија на Кајмакчалан. Потоа се запишува на Факултетот за ликовни уметности во Белград каде дипломира во 1955 година по што станува професор по уметност и историја на уметност во гимназијата и Учителската школа во Штип. Мијалче бил еден од најдобрите вајари во земјата, по оцената на ревизорот и познат уметник Борко Лазески, Мијалче бил и еден од најспособните педагози. Скулптурите на Мијалче (Гаврил) и татко му долго ги краселе парковите и институциите во Штип. Бидејќи скулптурите биле од гипс, кој е доста тежок за одржување голем ...