Skip to main content

Posts

Showing posts from April, 2015

ЧУДО ВО ПРИЛЕП – МИРОТОЧИ ИКОНАТА НА СВ. НИКОДИМ ТИСМАНСКИ (ПРИЛЕПСКИ)

На 07.04.2015 г, кога го празнуваме Благовестието на Пресветата Богородица, во храмот „Св. Благовештение“ во Прилеп, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение со митрополитите Тетовско-Гостиварскиот Јосиф и Кумановско-Осоговскиот Јосиф, и епископот Хераклејски Климент, заедно со свештенослужителиот од истиот храм, отслужи божествена Литургија, на која го објави чудото кое се случило со иконата на св. Никодим Прилепски. Иконата на Свети Никодим Прилепски и Тимански почна да мироточи. Станува збор за икона која е копија на иконата зографисана во Зрзевската иконописна школа , од страна на монахот Тихон. Копијата е изработена од страна на чтец Стеванче Тодороски, прислужител во храмот св. Благовештение. Мироточењето е забележано на 30.03.2015, а на Цветници почна да благоуха – се работи за неколку капки, кои во почетокот беа мали, но со текот на времето се зголемуваа сè повеќе и повеќе. Ова е прва икона на преподобниот Никодим Прилепски и Тисмански, која мироточи во град