Skip to main content

Posts

Showing posts from June, 2017

Марков манастир доби свети мошти од руски монах од Австралија

Марковиот манастир, во близина на Скопје доби мошти од света Елисавета Руска и од 44 монаси маченици од манастирот Лавра во Палестина. Моштите се подарок од монах на Руската православна црква од Австралија. Тој светите мошти и ги подарил на Игуменијата на Марковиот манастир, Сестра Илијана, при нејзиното поклоничко патување во Австралија. Игуменијата Илијана заедно со една од сестрите, го посетиле рускиот скит посветен на Свети Јован Крстител, и старецот Јоаким, монах со австралијанско потекло, кој и ги подарил моштите од света Елисавета Руска и од 44 монаси маченици од манастирот Лавра во Палестина. Светите мошти, ќе бидат изложени во параклисот на Светиот Апостол и Евангелист Марко.

РЕПОРТАЖА: Мошти на Свети Климент Охридски во црквата „Пресвета Богородица“ - Битола

Мошти на Свети Климент Охридски од неодамна се во посед на  црквата „Пресвета Богородица“ - Битола . Моштите на Свети Климент беа неодамна изложени во овој храм за поклонение на група верници.

Бигорски манастир доби мошти од Светиот новомаченик Јован од Коница

Бигорскиот манастир ја збогати својата светителска ризница со делче од светите мошти на Светиот новомаченик Јован од Коница. Делчето од моштите е подарок на игуменот на светогорскиот манастир Дохијар архимандрит Григориј кој претходно ја подари копијата од чудотворна икона во Струмица. Моштите му беа подарени на братството на манастирот предовдено од архимандрит Партениј кое беше во  посета на Света Гора Светиот Новомаченик Јован од Коница, Епир,  пострадал маченички од Агарјаните на 23 септември 1814 година во Врахори. Житие на Светиот новомаченик Јован од Коница

СТОРИЈА: Моштите на Свети Климент Охридски и Св.Евстатиј во Битолската митрополија

Сребрената кутија со моштите на св. Климент Охридски е пронајдена во нишата на ѓакониконот во олтарскиот простор на црквата Св. Никола во Крушево во 2005г. Потекнува од манастирот Св. Наум Охридски, а денес се наоѓа во ризницата на Битолската Митрополија, Сребрената кутија со моштите на св. Климент е со димензии: 21 см должина, 13 см широчина х 16 висина. Таа има правоаголна форма и издигнат профилиран капак. Аглите на кутијата се изведени во вид на столпчиња, кои во долниот дел завршуваат во вид на ногарки. Во средината на капакот, во медалјон формиран од два лачно извиткани листа на акант, претставен е модел на двокуполна црква, зад која веројатно се наоѓа камбанарија или дел од манастирски конаци. Под отворот во кој се сместени моштите на св. Климент се наоѓа следниов натпис: ΤΟ ΠΑΓΟΝ ΕΓΕΝΕ ΤΟ ΕΠΙ ΤΟΝ ΗΜΕΡѠΝ ΤΟΥ ΠΑΝ ΗΓΟΥΜΕΝΟΥ ΤΟΥ ΑΓΙΟΥ ΝΑΟΥΜΟΥ CΕΡΑΦΕΜ ΙΕΡ. 1838 ΔΕΚΒΡΟΥ 10 8 . Од овој натпис дознаваме дека сребрената кутија со моштите на св. Климент и на св. Евстатиј потекнува од ман