Skip to main content

Posts

Showing posts from 2022

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Свети праведен Јоаким Крчовски - учител и просветител

  На 22.05.2022 година во Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, беше  обнародена одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со која преподобниот игумен Јоаким Крчовски е вброен во ликот на светителите на Православната Црква. Споменот на преподобниот Јоаким Крчовски – учител и просветител, ќе се празнува на 23 мај по новиот стил. Во досегашните истражувања, Крчовски го сместуваат само во книжевноста, меѓутоа неговата дејност сеуште не е доволно прочуена. Кратко пред канонизацијата од печат излезе нов труд, творба на сестринството од слепченскиот манастир „Свети Јован Претеча“ со наслов „Свети праведен Крчовски“, во која се изложени нови и значајни сознанија и расветлувања на овој македонски преродбеник. Јоаким Крчовски живеел од 1750 до 1820 година и се смета за еден од првите македонски просветители како свештеник и учител. Нема точна потврда каде е роден, но според одредени историски записи потекнува од Кичевски,