Skip to main content

Posts

Showing posts from 2016

Осветена спомен плочата од македонскиот народ во Рим

Архепископот охридски и македонски, г.г. Стефан , во присуство на членовите на државната и на црковната делегација и Скопскиот Бискуп монсињор Киро Стојанов, ја освети спомен-плочата поставена како благодарност на македонскиот народ за делото на сесловенските просветители Кирил и Методиј, во Базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим.  Спомен плочата беше поставена во ноември 2015 година при посетата на Претседателот Ѓорге Иванов на Ватикан, кој воедно беше и иницијатор за поставувањето на оваа плоча во една од најзначајните базилики во Рим. На плочата е испишан текстот „„Во оваа базилика на Санта Марија Маџоре, папата Адријан Втори во 868 година ги освети донесените словенски книги во Рим од светите браќа Константин Кирил и Методиј создавачите на словенската писменост. Од благодарниот макеоднски народ“. извор: Религија.мк

Митра изработена од монахињите од Рајчица и за Папата Франциск

Папата Франциск се вброи во листата светски христијански поглавари кои добиле митра, рачно изработена од монахињите од бигорското сестринство. Митрата е подарок од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски од традиционалната аудиенција во Ватикан. Станува збор за уникатна и раскошна рачно изработена митра со белег на специфичната македонска култура и уметничка традиција изработена со охридски бисери.  Монахињите од манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во Рајчица, инаку метох на  Бигорски манастир оваа митра ја изработувале специјално за Папата Франциск. Монахињите имаат изработено околу 700 митри за целиот Православен свет, вклучително и за Вселенскиот, Рускиот, Ерусалимскиот Патријарх. Митрата како што е добро познато е символ на трновиот венец Христов и своевиден потсетник на одговорноста што претстојателот ја носи пред Бога како поглавар на својот народ. Иако пред неколку децении со Ватиканскиот Концил беше укинато носењето на вакви митри, сепак, митрата беше подарена како из

Бугарската православна црква ќе го канонизира свештеномаченикот Борис Разумов од битолско Ѓавато

Светиот Синод на Бугарската православна црква на заседанието одржано на 31 март оваа година, донел одлука да се започне со просецот за собирање на сведоштва за некогашниот Неврокопски митрополит Борис Разумов (1888-1948), со цел негово вбројување во Диптихот на Светиите на православната Христова Црква. Одлуката била донесена по претходно разгледување на предлогот изнесен од страна на сегашниот Неврокопски митрополит Серафим, кој ги запознал своите собраќа архиереи со основите за причислување на митрополитот Борис во соборот на Светиите. Сега претстои да се формира посебна комисија што ќе го разгледува ова прашање, собирајќи сведоштва за животот на овој речиси современ сведок на вистината Христова, како и за благодатната помош на луѓето, добиена по негово молитвено застапништво. Она што претставува голема радост за нас е фактот што свештеномаченикот Борис (Разумов) е родум Македонец, од  селото Ѓавато, Битолско. Бил роден на 8/26 ноември 1888 година, на самиот ден на Св. Вмч. Ди

Блесна македонската икона во црквата во Назарет

Од денеска во базиликата на Свето Благовештение во Назарет во Израел се наоѓа икона со ликот на Пресвета Богородица како спомен обележје од Македонија. Обележјето го постави македонската делегација предводена од заменик министерот за Култура, Драган Недељковиќ и амбасадорот на Македонија во Израел Пајо Авировиќ. Иконата, во форма на мозаик е поставена во просторот каде се наоѓаат спомен обележја од речиси сите држави во светот и православни и католички.  Спомен обележјето при поставувањето го осветиле двајца свештеници на МПЦ од Скопската Епархија. На иконата е претставена реплика од познатата икона од Манастирот во Зрзе, „Св.Богородица пелагониста“. Иницијативата за поставувањето на ова спомен обележје е на Туристичката комора на Македонија, а за поставувањето на иконата мозаик, согласност и благослов дала и Македонската православна црква, преку Архиепископот охридски и македонски, г.г Стефан.