Skip to main content

Posts

Showing posts from May, 2014

Моштите на Свети Кирил Солунски во Македонската Католичка црква

По повод  денот на Светите Кирил и Методиј во Католичката црква во Богданци по скоро 12 векови моштите на еден од словенските просветители се враќаат во Македонија.Прв пат по скоро 1200 години се враќаат моштите на Свети Кирил и тоа во Македонија, -Моштите во Македонија се наоѓаат веќе 14 години. Тие ги добив по повод мојот годишен јубилеј од самата хиротинија во 2000-та година. Оттогаш до денес се наоѓаат тука, меѓутоа чекавме посебна пригода, а ова е пригодата која што ние денес го славиме јубилејот 150 години од самата парохија во Богданци, рече бискупот Стојанов. Kатоличкиот бискуп во Македонија Kирил Стојанов го донел делот на моштите од свети Kирил уште минатата година откако тоа го дозволил Ватикан, дознава „Дневник“ од изворите во оваа верска заедница. Дел од моштите првпат ќе бидат изложени пред верниците утре во храмот „Свети Kирил и Методиј“ во Богданци, на денот на прославувањето на празникот на сесловенските просветители. Во овој храм своите верски обреди ги извршу