Skip to main content

Posts

Showing posts from February, 2017

За именденот на отец Партениј, Бигорски доби мошти од Св. Партениј Лампсакисики

Делче од светите мошти на Свети Партениј Лампсакиски, по кој игуменот на Бигорскиот манастир архимандритот Партениј го добил името, пристигна во Бигорскиот манастир на денот на кој се празнува споменот на овој светител а воедно и именден на игуменот. Моштите пристигнале од Грција како дар за игуменот Партениј од негови долгогодишни пријатели. Архимандритот Партениј низ солзи рече: „Морам да ви кажам што носев пред малку во ковчежето. Пред почетокот на богослужбата браќата ми рекоа дека имаат уште едно изненадување за мене - имено, дека ќе дошол некој епископ од Грција, мој голем пријател. Јас без сомнеж им поверував, бидејќи имам многу пријатели епископи од Грција, и си помислив дека станува збор за некој од нив, но само се прашував кој би можел да биде тој. И навистина, на необичен начин дојде мојот најголем пријател меѓу епископите, оној чиешто име со радост го носам. Значи, ова што го гледате е делче од чесните мошти на Св. Партениј Лампсакиски, што нашиот Манастир ги