Skip to main content

Posts

Showing posts from October, 2017

Бигорски доби мошти од Св.Димитриј Солунски и Св.ап. Андреј Првоповикан

Бигорски манастир и неговиот метох Рајчица ја збогатија својата ризница со светите мошти на: Свети Димитриј Солунски и Св. апостол Андреј Првоповикан како и мошти на Свети Пантелејмон. Метохот Рајчица пак на чување доби мошти на Света Екатерина и Света Варвара. Моштите се дар на големиот пријател на нашите манастири, благородниот отец Добри Чаков, клирик на Бугарската Православна Црква, свештенослужител во храмот посветен на Св. Димитриј во Калипетрово и ставрофорен свештеноиконом на Доростолската епархија, кој со голема љубов се погрижи за моштите да се изработат и специјални кивоти. Извор: Бигорски манастир

Во руската црква во која служел Св.Јован Шангајски се чуваат неговите одежди

Црквата  посветена на Пресветата Троица, позната како Руска Црква во Битола. Изградена е во бурните времиња, во времето после страшната октомвриска револуција, да биде Ноев кораб на раселените руси, дојдени во Македонија. Оваа мала црква, требало да биде мала икона на светата Рус, далеку од татковината. Впечатливо, црквата првобитно и е изградена од дрвени штици, со изглед на типична малечка руска црквичка. Оваа црква била и дом, и библиотека и црква, на руските емигранти, но и на сите православни христијани од Битола. Црквата станува дел од живото ткиво на Христовата Црква која пребива во Битола, и така е до денес. Особено радосна е мислата дека во оваа Црква богослужел и големиот угодник Божји, тогаш како јеромонах Јован, а денес св. Јован Шангајски или Битолски.. Денес, ,,Руската Црква“ го чува споменот на него, чувајќи ги и покажувајќи ги на верните предметите со кои св. Јован богослужел, неговите свештенички облеки и др .