Skip to main content

Posts

Showing posts from December, 2019

АРХИВА: Браќа ги врадија украдените мошти од манастирот Пречиста Кичевска

П ремудриот Бог, Кој однапред го знае исходот на секое дело, и од Чии очи не може да сокрие ни најмалото нешто, преку еден чудесен настан уште еднаш ни ја покажа Својата Промисла и грижата за Своите светињи. Имено, вчера во нашиот Манастир допатуваа благочестивите браќа Жарко и Златко Шурдоски, по потекло од с. Ложани, Струшко, кои побараа средба со нашиот старец, Архимандрит Партениј, со цел да му предадат некои работи. На средбата тие му соопштија на старецот дека имаат нешто што ѝ припаѓа на Црквата. Всушност, овие побожни браќа му го предадоа на отец Партениј сребреното ковчеже со мошти од Света Параскева, како и три сребрени престолни крста,  коишто биле украдени од Манастирот на Пресвета Богородица – Пречиста, Кичево, на 11 декември 2014 година . Светињите дошле до рацете на браќата според Божја промисла. Впрочем, крадецот, кој бил фатен од полицијата уште следниот ден, бегајќи од рацете на законот и сакајќи да ги отстрани доказите за сторената кражба, го фрлил ранецот со светињ

МПЦ добила мошти од Св. Ѓорги Кратовски

Американско-канадската епархија на МПЦ-ОА по молба на парохиски свештеник ереј Горан Трпчевски,доби мошти од Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски, на дар од Драгалевскиот Манастир за истоимената црква во Детроит, САД. По милоста Божја и по молитвите на Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски и со благослов од нашиот надлежен Архиереј, Митрополитот на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија г. Методиј, на 8 септември 2019 лето Господово, во нашата Македонска Православна Црква-ОА “Св. Вмч Ѓорѓи Кратовски” во Фармингтон Хилс, Детроит Метро во Мичиген, САД, пристигнаа Моштите на светителот донесени од ѓаконот д-р Дејан Коруноски. По предавањето на Моштите, се одржа Света Архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот г. Методиј во сослужение на Архиерејскиот Намесник на Централно-западното Американско Архиерејско Намесништво, протоереј Драган Јорданов и парохискиот свештеник ереј Горан Трпчевски. После службата се пристапи кон поклонение на Светите Мошти

Богатство од реликвии во Марков манастир

Марковиот манастир се наоѓа на околу 20 километри од Скопје. Посветен му е на Светиот маченик Димитриј Солунски. Во моментов е населен од сестринство. Манастирската ризница по Божја промисла и благослов на светиите Христови чува делови од светите мошти на бројни жители на небесниот Ерусалим.  Света Елисавета Руска 44 монаси маченици од манастирот Лавра во Палестина дел од реброто на Свети Димитриј Солунски дел од кожата на Св.Ана , мајка на Пресвета Богородица Св.Јован Крстител Св.Николај Мирликиски (Св.Никола) Св.Серафим Саровски Св.Јован Златоуст Св.Елена Св.Гаврил Лесновски Св.Петар Александриски дел од појасот и марамата на Богородица Св.Александар Свирски Св.Игнатиј Св.Варвара честица од чесниот Крст св.Ефрем Сирин Св.Кирил Александриски св.Христофор Св.Викторија Св.Василиј Велики Св.Кузман и Дамјан Св.Ап.Марко Св.Пантелејмон * Бројот изнесува околу 30-тина.