Skip to main content

Posts

Showing posts from May, 2017

Канонизиран Св. Гаврил Светогорец, Епископ Велички

На 28. 05. 2017 година, во годината кога МПЦ – ОА слави 50 – годишен јубилеј од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ – ОА и канонизација на Светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип.  На Божествената Литургија  чиноначалствуваш е    Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и членовите на САС на МПЦ, Митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, Митополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополиот Европски г. Пимен, Митрополит Брегалнички г.Иларион, Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско – осоговски г. Јосиф и Епископот Хераклејски г. Климен и Архимандритите Нектариј, Партениј, Дамаскин и Григориј, Игумени од повеќе манастири и свештеноереи од МПЦ – ОА . Епископот г. Климен ја произнесе одлуката на САС на

За прв пат изложено нетрулежното тело на Св. Гаврил Светогорец, Епископ Велички

На свечениот чин на канонизација на првиот современ светија на МПЦ-ОА истовремено и нејзин поранешен епископ, Светитот Гаврил Светогорец, Епископ Велички која се одржа на 28 мај 2017г. во Соборниот храм во Штип за прв пат јавно беше изложено неговото  нетрулежно тело. Појавата нетрулежните останки во христијанството се смета за силен знак на светоста. Светите мошти на Епископот кој претходно беа ексхумирани од неговото вечно почивалиште во Лесновскиот манастир ќе бидат изложени во истиот манастир. Моштите се положени во застаклен рачно изработен и зографисан кивот.

НОВИ СВЕТИТЕЛИ : Свети Гаврил Светогорец Епископ Велички

Епископот Велички Гаврил е роден на 12 јануари 1926 година  во Штип како Мијалче од Православни родители Методиј ( подоцна, со монашко име, Кирил) И Горица Парнаџиеви. Основото и средно училиште ги завршува во родниот Штип. Од 1944 година бил учесник во НОБ подоцна прекомандуван во Корпусот на народната одбрана. По демобилизацијата бил во служба во Народниот одбор во Штип. Бил граничен секретар во Царево село (Делчево), потоа во Кавадарци и на граничната линија на Кајмакчалан. Потоа се запишува на Факултетот за ликовни уметности во Белград каде дипломира во 1955 година по што станува професор по уметност и историја на уметност во гимназијата и Учителската школа во Штип. Мијалче бил еден од најдобрите вајари во земјата, по оцената на ревизорот и познат уметник Борко Лазески, Мијалче бил и еден од најспособните педагози. Скулптурите на Мијалче (Гаврил) и татко му долго ги краселе парковите и институциите во Штип. Бидејќи скулптурите биле од гипс, кој е доста тежок за одржување голем дел

На канонизацијата прв пат ќе бидат изложени светите мошти на Епископот Велички Гаврил

Првпат по 27 години од  упокојувањето, на 28ми мај, на денот на канонизацијата на епископот Велички г.Гаврил, јавно ќе бидат изложени неговите свети мошти во Соборниот храм Свети Никола - Штип. Посмртните останки на епископот Гаврил беа погребани на манастирските гробишта на Лесновскиот манастир. МПЦ-Оа по повод 50 годишниот јубилеј од возобновувањето ќе го канонизира својот епископ во Соборниот храм во Штип.                                                       Свеченостите ќе започнат на 27.05.2017 година во 18:00 часот со започнување на вечерната богослужба на која ќе чиноначалствува неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Следниот ден 28.05.2017 година во 08:15 часот ќе бидат донесени моштите на епископот Велички Гаврил Светогорец. Светата Архиерејска литургија ќе започне во 09:00 часот со која ќе началствува Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан, во сослужение на членовите од САС на МПЦ. На светата Литургија ќе биде објавена Одлуката н

Канонизиран Св. Мч. Кипријан Слепчански

На 30.04.2017 г., во Неделата посветена на Жените Мироносици, во манастирот посветен на Светиот Јован Претеча во Слепче, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија, на која постраданиот свештеномаченик Кипријан беше вброен во диптохот на Светите. На Божествената Литургија  чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Архиереите, Петар, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, Тимотеј, Митрополит Дебарско-кически и администратор Австралиско-сиднејски, Агатангел, Митрополит Повардарски, Пимен, Митрополит Европски, Иларион, Митрополит Брегалнички, Јосиф, Митрополит Тетовско-гостиварски, и Климент, Епископ Хераклејски. Како и Архимандритите Партениј, Нектариј и Никола. Игумените Серафим, Агатон и Григориј. После Божествената Литургија, во дворот на манастирот беше осветен Камен-темелникот на новите манастирски конаци, кои ќе сведочат за возродувањето и духовниот развој на монашкиот живо