Skip to main content

Posts

Showing posts from November, 2014

Честицата од чесниот крст на богсловот Стојанче Андов

Честицата од чесниот крст која беша една од реликвиите кои младиот богослов Стојанче Андов ги донесе во Македонија од Манастирот Џорданвил во САД каде што тој студира предизвика големо внимание меѓу македонците еве како света честица дојде во рацете на Стојанче: Стојанче- “ Честицата од Чесниот Крст ја добив од Митрополитот на Руската Задгранична Црква, Иларион. Кога доаѓаше во Џорданвил, местото каде што учам, често разговарав со него на духовни теми. Животот во САД не е едноставен. Има многу искушенија. Почетоците овде ми беа малку тешки и повеќе страдав во своите подвизи, па разговорите со овој владика ме охрабруваа. Тој веќе ме знаеше, го познаваше мојот карактер, мојата слабост... Пред две години бев кај него на гости, во Њујорк, на неколку дена. Таму, од продавницата купив за себе еден крст со средна големина. Всушност тој сребрен крст беше дизајниран и направен со простор за свети мошти. Јас тоа не го забележав. Вечерта му го покажав на Митрополитот и тој ми рече: “О, ова е к

Младите Бигорски монаси во посета на Света Гора

Архимандрит Партениј заедно со дел од Бигорското монашко братство  ја посетија Светата Атонска Гора при што ги посетија Свештените обители: Григоријат , Дохијар, Симонопетра Зограф , како и светогорската престолнина-Кареја. При што браќата присуствуваа на сеноќна молитва на света Анастасија Римјанка на која чиночалалствуваше митрополитот на Китрос,Катерини и Платамон г.Георгиј, се поклонаа на бројните манастирските светињи меѓу кои и на гробот на старец Георгиј Капсанис , се поучија и духовно насладија од бројните проповеди на светогорските старци, а во последната светогорска обител која ја посетија го добија многу вредниот дар честица од черепот на Антолиј Зографски .

Честица од черепот на Антолиј Зографски во Бигорски

Големата духовна поврзаност на Зографската обител со Бигорскиот манастир  по застапништвото на Пресвета Богородица и молитвите на св. Георгиј, тие врски повторно воскреснуваа во полн сјај. Никогаш нема да  може да се заборави гостољубието на високопреподобниот отец Амвросиј, игумен на таа света обител, и неговите пожртвувани браќа, и никогаш не би можеле достојно да заблагодариме за гостољубието и честа што му ја укажаа на нашиот старец и браќата.  А како печат на оваа духовна врска на братољубието се добиените мошти од светиот отец наш архимандрит Анатолиј Зографски (†1848), бигорскиот монах, родум од мијачкото село Могорче,  израснат во славното мијачко Лазарополе , кој со своето смирение и светост станал духовник на рускиот цар Николај I Романов, и успеал во секоја смисла да го воскресне тогаш замрениот Зографски манастир. На молба на нашиот игумен, старец Амвросиј со најголема љубов одвои честица од черепот на отец Анатолиј и ја подари за првоначалниот манастир на овој богом

МОШТИТЕ НА СВЕТИ ЈОСИФ ОБРУЧНИКОТ ВО ТЕТОВО

На 06.11.2014, при посета на Тетовско-гостиварската епархија и соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, отец Рафаел Коммерс од Руската црква во Холандија, донесе голем Божји благослов на нашата епархија преку моштите на свети Јосиф Обручникот. Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, му заблагодари на Бога што го удостои во своите раце да ги држи моштите на својот застапник и молитвеник пред Бога чие што име го носи.

СЕ ЗБОГАТИ БИГОРСКАТА РИЗНИЦА СО СВЕТИ МОШТИ

Вчера со свечена литија во  Бигорскиот храм  беа донесени моштите на светите Ирина, Варвара, Екатерина, Јоаким и Ана, Бонифациј и на светиот апостол Лин. Тука во молитвената тишина на храмот, пред поставените икони од светиите и пред нивните мошти, браќата и присутните верници ги упатија своите умилни прозби кон премилиот Господ и Неговите светии, благодарејќи Му што за своите грешни и недостојни чеда приготви таква духовна наслада, што светилиштето сега го стекна и молитвено застапништво на светите маченички и Богородични придружнички Варвара, Ирина, Екатерина, Нејзините свети родители Јоаким и Ана и светите Бонифациј и апостол Лин, чии што мошти, покрај оние на останатите бројни светии, веќе го облагодатуваат Претечевиот дом. А искрено се помолија и за духовно преуспевање и спасение на почитуваниот ѓакон Рафаил Комерс од Холандија, голем пријател на Бигорскиот манастир, кој пристигна во Бигорски во придружба на о. Игор Здравковски и со голема љубов ни ги подари овие свети мошти.