Skip to main content

Posts

Showing posts from January, 2018

Мошти на Свети Гаврил Светогорец во Австралија

Македонците во Австралија на вчерашната богослужба на денот на кој се празнува споменот на новопрославениот светител Св. Гаврил Светогорец, епископ Велички имаа можност да се поклонат на неговите светите мошти . Честички од неговите свети мошти се наоѓаат во Австралија, откако Митрополитот Брегалнички г. Иларион и игуменот на Лесновскиот манастир, Архимандритот Дамаскин му ги подарија на Архимандритот Гаврил при неговата посета во Македонија. -Ја користиме оваа прилика да му се заблагодариме од името на цела Македонска заедница во Австралија на Митрополитот г. Иларион, како и на Архимандритот Дамаскин за дарението на светите мошти. Голема беше радоста кај присутните верници кога Архимандритот Гаврил го отвори кивотот со свети мошти. Благоуханиети беше присутно и верниците кои се поклонија се исполнија со благодат. Архимандритот Гаврил одржа свое пригодно слово, во кое меѓу другото нагласи дека светиот Гаврил Светогорец, епископот Велички, големиот испосник и подвижник од нашето