Skip to main content

Posts

Showing posts from April, 2016

Бугарската православна црква ќе го канонизира свештеномаченикот Борис Разумов од битолско Ѓавато

Светиот Синод на Бугарската православна црква на заседанието одржано на 31 март оваа година, донел одлука да се започне со просецот за собирање на сведоштва за некогашниот Неврокопски митрополит Борис Разумов (1888-1948), со цел негово вбројување во Диптихот на Светиите на православната Христова Црква. Одлуката била донесена по претходно разгледување на предлогот изнесен од страна на сегашниот Неврокопски митрополит Серафим, кој ги запознал своите собраќа архиереи со основите за причислување на митрополитот Борис во соборот на Светиите. Сега претстои да се формира посебна комисија што ќе го разгледува ова прашање, собирајќи сведоштва за животот на овој речиси современ сведок на вистината Христова, како и за благодатната помош на луѓето, добиена по негово молитвено застапништво. Она што претставува голема радост за нас е фактот што свештеномаченикот Борис (Разумов) е родум Македонец, од  селото Ѓавато, Битолско. Бил роден на 8/26 ноември 1888 година, на самиот ден на Св. Вмч. Ди

Блесна македонската икона во црквата во Назарет

Од денеска во базиликата на Свето Благовештение во Назарет во Израел се наоѓа икона со ликот на Пресвета Богородица како спомен обележје од Македонија. Обележјето го постави македонската делегација предводена од заменик министерот за Култура, Драган Недељковиќ и амбасадорот на Македонија во Израел Пајо Авировиќ. Иконата, во форма на мозаик е поставена во просторот каде се наоѓаат спомен обележја од речиси сите држави во светот и православни и католички.  Спомен обележјето при поставувањето го осветиле двајца свештеници на МПЦ од Скопската Епархија. На иконата е претставена реплика од познатата икона од Манастирот во Зрзе, „Св.Богородица пелагониста“. Иницијативата за поставувањето на ова спомен обележје е на Туристичката комора на Македонија, а за поставувањето на иконата мозаик, согласност и благослов дала и Македонската православна црква, преку Архиепископот охридски и македонски, г.г Стефан.