Skip to main content

Posts

Showing posts from March, 2017

На канонизацијата, првпат ќе бидат изложени моштите на Кипријан Слепчански

Првпат по 237 години од трагичното упокојување, на 30ти април, на денот на канонизацијата , јавно ќе бидат изложени мошти од монахот Кипријан Слепченски. На сите верници што ќе присуствуваат на чинот на канонизирањето, манастирот ќе им поклнува памукче помазано од моштите на Кипријан. Моштите на монахот Кипријан пронајдени се пред неколку години во дворот на манастирската црква при изведувањето на некои градежни работи и се чуваат во истото сребрено ковчеже кое се спомнува во записите на Висарион и е пронајдено при истите градежни изведби. Бојата на моштите е невообичаено темна што е најоригинален показ дека Кипријан бил мачен и жив запален на Велигден во 1780 година.

Мошти од (Свети) Јоаникиј Ракотински прават чуда во манастир во Грција

Архимандрит Порфириј, Игумен на Свештената Обител на Манастирот Свети Јован Крстител кај Верија, Грција,  напиша текст за канонизацијата на Светиот Јоаникиј од Ракотинци, што Македонската православна црква ќе ја изврши оваа година. А рхимандритот Порфириј пред повеќе од дваесет години во црковен весник од Охрид за првпат ја видел веста и фотографиите за Јоанкиј од Ракотинци. После неколку години од неговото населување во манастирот кај Верија тој повторно бил во посета на Македонија, кога и имал прилика да се поклони на моштите на Јоанакиј од Ракотинци но и да добие честица од неговите мошти како подарок од Архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.  Следуваат сведоштва за чуда со моштите на Јоанкиј Ракотински Неговите мошти ги дадовме на чување за благослов на една жена болна од тешки психички проблеми и таа доби големо утешување. Но, се случи и ова: зетот на нејзината ќерка, Георгиј, едно добро, но нецрковно момче, го посетил нејзиниот дом и таа му рекла: Јорго, о

НОВИ СВЕТИТЕЛИ : Свети Кипријан Слепчански

Игуменот Kипријан Слепченски , кого Турците го спалиле ограбувајќи го манастирот „Свети Јован Претеча“ во демирхисарско Слепче и починал во маченичка смрт на Велигден пред 237 години, ќе биде прогласен за светец. Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква на редовна седница одржана на 24 февруари годинава одлучил канонизацијата да се одржи на 30 април, датумот на неговото упокојување во 1780 година. Според досегашните научни сознанија се знае дека Kипријан служел во манастирот „Св. Јован Претеча“ кај Слепче и оти маченички се упокоил на Велигден во 1780 година. Се претпоставува дека бил на возраст од околу 60 години. Игуменот Kипријан бил погребан во дворот на црквата во Слепче. За маченичката смрт на Kипријан има вреден запис на македонски народен говор, зачуван од 1780 година. Непознат автор овој текст го допишал во многу постаро евангелие, поточно во „Четвороевангелие“ од 1548 година на познатиот македонски книжевник Висарион Дебарски. Во вметнатиот запис

МПЦ-ОА ќе канонизира три светители по повод јубилејот 50 години од возобновувањето на афтокефалноста

Тројца нови светители ќе се внесат во диптихот на светителите и календарот на Македонската православна црква по повод јубилејот 50 години од возобновувањето на афтокефалноста. Светиот Архиерејски синод на МПЦ-ОА, ги утврдил датумите за канонизација на Архимандритот Јоаникиј Ракотински, епископот Гаврил Велички и на Кипријан Слепченски. Првата канонизација ќе се случува во Слепчанскиот манастирот „Свети Јован Претеча“ во Демир Хисар на 30 април кога ќе биде прифатено неговото канонизирање од Бугарската православна црква. МПЦ ќе подготви житие и сите пропратни елементи за славењето на светецот, а исто така ќе бидат осветени и темели за параклис посветен на Кипријан Слепчански. Неполн месец потоа на 28 мај во Лесновскиот манастир, Архиереите на МПЦ ќе го прогласат за Светител епископот Гаврил Светогорец. А канонизацијата на Јоаникиј Ракотински е предвидена за 24 септември оваа година. Повеќе за новите светители прочитајте на: Свети Кипријан Слепчански