Skip to main content

Posts

Showing posts from July, 2018

РЕПОРТАЖА: Свети мошти од неколку светители во црквата Св.Троица во населбата Црногорци - Охрид

Црквата Св. Троица во населбата Црногорци во Охрид, неодамна значително ја збогати својата ризница со свети мошти од неколку светители добиени на подарок од манастири во Македонија но и соседна Грција. Во ризницата на овој божји храм помеѓу останатите се наоѓаат свети мошти на Светиот Игнатиј Богоносец.  Мошти на Св. Игнатиј Богоносец Во текот на минатиот месец исто така храмот на подарок доби свети мошти на Свети Ефтимиј Велики од манастир Лешани во Охридско по благослов на  неговото преподобие, игуменот на Лешанскиот манастир, јеромонах Вартоломеј.  свети мошти на  Свети Ефтимиј Велики Во храмот од 2016 година се наоѓаат и мошти од  Св. великомаченик Емилијан Доростолски кои пристигнаа од Атина, Грција. Најавено е дека овие свети мошти ќе бидат изложени пред верниот народ  на 30ти наспроти 31ви јули по повод празникот на Св. великомаченик Емилијан Доростолски.