Skip to main content

Моштите на Свети Кирил Солунски во Македонската Католичка црква

По повод  денот на Светите Кирил и Методиј во Католичката црква во Богданци по скоро 12 векови моштите на еден од словенските просветители се враќаат во Македонија.Прв пат по скоро 1200 години се враќаат моштите на Свети Кирил и тоа во Македонија,
-Моштите во Македонија се наоѓаат веќе 14 години. Тие ги добив по повод мојот годишен јубилеј од самата хиротинија во 2000-та година. Оттогаш до денес се наоѓаат тука, меѓутоа чекавме посебна пригода, а ова е пригодата која што ние денес го славиме јубилејот 150 години од самата парохија во Богданци, рече бискупот Стојанов.

Kатоличкиот бискуп во Македонија Kирил Стојанов го донел делот на моштите од свети Kирил уште минатата година откако тоа го дозволил Ватикан, дознава „Дневник“ од изворите во оваа верска заедница. Дел од моштите првпат ќе бидат изложени пред верниците утре во храмот „Свети Kирил и Методиј“ во Богданци, на денот на прославувањето на празникот на сесловенските просветители. Во овој храм своите верски обреди ги извршуваат верниците од источната католичка црква, односно оние што ја признаваат духовната власт на Ватикан, но своите верски обреди ги прават во согласност со православната христијанска традиција.

- Нашиот бискуп долго време се ангажираше да добиеме дел од моштите на свети Kирил. На крајот во тоа и успеа и минатата година донесе во Македонија мал дел од нив. Не ми е познато од кој дел од моштите е земен тој дел. Тој се наоѓа во херметички затворена кутија и на денот на празникот првпат ќе го изложиме пред верниците - ни објасни вчера отец Томе, старешина на овој храм.

- Верниците сепак нема да можат да ги допрат моштите бидејќи ќе останат затворени. Но, тие ќе можат да се поклонат пред нив - ни рече тој.

Познато е дека свети Kирил почива во базиликата „Свети Kлимент“ во Рим, а ова е еден од ретките сертифицирани примероци од неговите мошти. Отец Томе не знаеше да ни каже дали делови од моштите на сесловенскиот просветител постојат во некои други земји. Моштите ќе се чуват во скопската катедрала


Comments

Popular posts from this blog

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Света Преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска

Oваа малку позната монахиња и пред нејзиното официјално канонизирање, верниците во Српската православна црква сепак ја сметале за светица и голема сoвремена подвижница. Во Македонија нејзиниот култ е посебно почитуван во манастирот во кој се наоѓаат нејзините мошти и со години на неколку празници се изложуваат во манастирот во село Крстоар, Битолско. А СПЦ има издадено книга посветена на светителката    „Христе, животе мој“ која во 2023 година го добива третото и дополнето издание.   Нејзините писма во 1963 година ги открива тогаш веќе дипломираниот теолог Ристо Радовиќ подоцна митрополит Амфилохие, во библиотеката на Дечанскиот манастир, тој со години собирал сведоштва за нејзиниот живот, бил во нејзиното родно место, во местото каде што била нејзината куќа и го барал нејзиниот гроб во манастирот Свети Христофор. Нејзиното име и го дал на монахињата Стефанида, избирајќи ја за свој небесен покровител. Која со негов благослов напиша акатист за преподобната Стефанида. Препо...

Канонизиран Св. Мч. Кипријан Слепчански

На 30.04.2017 г., во Неделата посветена на Жените Мироносици, во манастирот посветен на Светиот Јован Претеча во Слепче, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија, на која постраданиот свештеномаченик Кипријан беше вброен во диптохот на Светите. На Божествената Литургија  чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Архиереите, Петар, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, Тимотеј, Митрополит Дебарско-кически и администратор Австралиско-сиднејски, Агатангел, Митрополит Повардарски, Пимен, Митрополит Европски, Иларион, Митрополит Брегалнички, Јосиф, Митрополит Тетовско-гостиварски, и Климент, Епископ Хераклејски. Како и Архимандритите Партениј, Нектариј и Никола. Игумените Серафим, Агатон и Григориј. После Божествената Литургија, во дворот на манастирот беше осветен Камен-темелникот на новите манастирски конаци, кои ќе сведочат за возродувањето и духовниот развој на монашкиот ...

Мошти од (Свети) Јоаникиј Ракотински прават чуда во манастир во Грција

Архимандрит Порфириј, Игумен на Свештената Обител на Манастирот Свети Јован Крстител кај Верија, Грција,  напиша текст за канонизацијата на Светиот Јоаникиј од Ракотинци, што Македонската православна црква ќе ја изврши оваа година. А рхимандритот Порфириј пред повеќе од дваесет години во црковен весник од Охрид за првпат ја видел веста и фотографиите за Јоанкиј од Ракотинци. После неколку години од неговото населување во манастирот кај Верија тој повторно бил во посета на Македонија, кога и имал прилика да се поклони на моштите на Јоанакиј од Ракотинци но и да добие честица од неговите мошти како подарок од Архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.  Следуваат сведоштва за чуда со моштите на Јоанкиј Ракотински Неговите мошти ги дадовме на чување за благослов на една жена болна од тешки психички проблеми и таа доби големо утешување. Но, се случи и ова: зетот на нејзината ќерка, Георгиј, едно добро, но нецрковно момче, го посетил нејзиниот дом и таа му рекла:...