Skip to main content

За именденот на отец Партениј, Бигорски доби мошти од Св. Партениј Лампсакисики





Делче од светите мошти на Свети Партениј Лампсакиски, по кој игуменот на Бигорскиот манастир архимандритот Партениј го добил името, пристигна во Бигорскиот манастир на денот на кој се празнува споменот на овој светител а воедно и именден на игуменот.
Моштите пристигнале од Грција како дар за игуменот Партениј од негови долгогодишни пријатели.



Архимандритот Партениј низ солзи рече: „Морам да ви кажам што носев пред малку во ковчежето. Пред почетокот на богослужбата браќата ми рекоа дека имаат уште едно
изненадување за мене - имено, дека ќе дошол некој епископ од Грција, мој голем пријател. Јас без сомнеж им поверував, бидејќи имам многу пријатели епископи од Грција, и си помислив дека станува збор за некој од нив, но само се прашував кој би можел да биде тој. И навистина, на необичен начин дојде мојот најголем пријател меѓу епископите, оној чиешто име со радост го носам. Значи, ова што го гледате е делче од чесните мошти на Св. Партениј Лампсакиски, што нашиот Манастир ги доби како дар од еден возљубен наш брат во Христа, архимандрит од Грчката Православна Црква. Кога го пречекавме пред портите, овој брат ми рече: ’Не знаевме каков друг поголем дар би можеле да ти донесеме од моштите на твојот небесен патрон‘. Навистина тоа е така, за што бескрајно им се заблагодарувам! Бог да ги благослови, по молитвите на Св. Партениј!“

Извор: Бигорски манастир

Comments

Popular posts from this blog

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Света Преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска

Oваа малку позната монахиња и пред нејзиното официјално канонизирање, верниците во Српската православна црква сепак ја сметале за светица и голема сoвремена подвижница. Во Македонија нејзиниот култ е посебно почитуван во манастирот во кој се наоѓаат нејзините мошти и со години на неколку празници се изложуваат во манастирот во село Крстоар, Битолско. А СПЦ има издадено книга посветена на светителката    „Христе, животе мој“ која во 2023 година го добива третото и дополнето издание.   Нејзините писма во 1963 година ги открива тогаш веќе дипломираниот теолог Ристо Радовиќ подоцна митрополит Амфилохие, во библиотеката на Дечанскиот манастир, тој со години собирал сведоштва за нејзиниот живот, бил во нејзиното родно место, во местото каде што била нејзината куќа и го барал нејзиниот гроб во манастирот Свети Христофор. Нејзиното име и го дал на монахињата Стефанида, избирајќи ја за свој небесен покровител. Која со негов благослов напиша акатист за преподобната Стефанида. Препо...

Канонизиран Св. Мч. Кипријан Слепчански

На 30.04.2017 г., во Неделата посветена на Жените Мироносици, во манастирот посветен на Светиот Јован Претеча во Слепче, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија, на која постраданиот свештеномаченик Кипријан беше вброен во диптохот на Светите. На Божествената Литургија  чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Архиереите, Петар, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, Тимотеј, Митрополит Дебарско-кически и администратор Австралиско-сиднејски, Агатангел, Митрополит Повардарски, Пимен, Митрополит Европски, Иларион, Митрополит Брегалнички, Јосиф, Митрополит Тетовско-гостиварски, и Климент, Епископ Хераклејски. Како и Архимандритите Партениј, Нектариј и Никола. Игумените Серафим, Агатон и Григориј. После Божествената Литургија, во дворот на манастирот беше осветен Камен-темелникот на новите манастирски конаци, кои ќе сведочат за возродувањето и духовниот развој на монашкиот ...

Мошти од (Свети) Јоаникиј Ракотински прават чуда во манастир во Грција

Архимандрит Порфириј, Игумен на Свештената Обител на Манастирот Свети Јован Крстител кај Верија, Грција,  напиша текст за канонизацијата на Светиот Јоаникиј од Ракотинци, што Македонската православна црква ќе ја изврши оваа година. А рхимандритот Порфириј пред повеќе од дваесет години во црковен весник од Охрид за првпат ја видел веста и фотографиите за Јоанкиј од Ракотинци. После неколку години од неговото населување во манастирот кај Верија тој повторно бил во посета на Македонија, кога и имал прилика да се поклони на моштите на Јоанакиј од Ракотинци но и да добие честица од неговите мошти како подарок од Архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.  Следуваат сведоштва за чуда со моштите на Јоанкиј Ракотински Неговите мошти ги дадовме на чување за благослов на една жена болна од тешки психички проблеми и таа доби големо утешување. Но, се случи и ова: зетот на нејзината ќерка, Георгиј, едно добро, но нецрковно момче, го посетил нејзиниот дом и таа му рекла:...