Skip to main content

Честицата од чесниот крст на богсловот Стојанче Андов

Честицата од чесниот крст која беша една од реликвиите кои младиот богослов Стојанче Андов ги донесе во Македонија од Манастирот Џорданвил во САД каде што тој студира предизвика големо внимание меѓу македонците еве како света честица дојде во рацете на Стојанче:
Стојанче- “ Честицата од Чесниот Крст ја добив од Митрополитот на Руската Задгранична Црква, Иларион. Кога доаѓаше во Џорданвил, местото каде што учам, често разговарав со него на духовни теми. Животот во САД не е едноставен. Има многу искушенија. Почетоците овде ми беа малку тешки и повеќе страдав во своите подвизи, па разговорите со овој владика ме охрабруваа. Тој веќе ме знаеше, го познаваше мојот карактер, мојата слабост... Пред две години бев кај него на гости, во Њујорк, на неколку дена. Таму, од продавницата купив за себе еден крст со средна големина. Всушност тој сребрен крст беше дизајниран и направен со простор за свети мошти. Јас тоа не го забележав. Вечерта му го покажав на Митрополитот и тој ми рече: “О, ова е крст за свети мошти. Имаш мошти?” Јас му реков дека не знаев и дека немам свети мошти, на што тој ми рече: “имам честица од Чесниот Крст која ми ја даде едно грчко семејство, но во Австралија е. Кога ќе дојдам оттаму, ќе ти ја донесам.” Јас, нормално, се израдував и му се заблагодарив. Сите овие настани се случија во месец август. Во септември тој замина за Австралија и се врати во Ноември. Јас во меѓувреме си реков себе си: “ах, тој сигурно ќе заборави. Зар на мене ќе мисли да ми донесе честица.” Во ноември, дојде во манастирот и ми рече дека ми ја донел честицата. Истата вечер отидов во неговата ќелија, тој ми ја даде и ми рече: “Нека ти биде за утеха во искушенијата, во твојот живот и помош во твоите студии.” Каква благодат и милост од Бога беше тоа! Не се опишува. Од една страна се плашев и треперев од фактот дека имам дел од Светиот и Чесен Кртс Господов, но од друга страна се радував зашто ќе ми биде утеха и помош во своите подвизи. Тој владика секогаш ми посветуваше и посветува внимание. Восприемав дека тој ги чувствува диховните нужди на лаиците. Истата честица ја ставив во металниот крст кој што го купив пред три месеци.„

Comments

Popular posts from this blog

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Света Преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска

Oваа малку позната монахиња и пред нејзиното официјално канонизирање, верниците во Српската православна црква сепак ја сметале за светица и голема сoвремена подвижница. Во Македонија нејзиниот култ е посебно почитуван во манастирот во кој се наоѓаат нејзините мошти и со години на неколку празници се изложуваат во манастирот во село Крстоар, Битолско. А СПЦ има издадено книга посветена на светителката    „Христе, животе мој“ која во 2023 година го добива третото и дополнето издание.   Нејзините писма во 1963 година ги открива тогаш веќе дипломираниот теолог Ристо Радовиќ подоцна митрополит Амфилохие, во библиотеката на Дечанскиот манастир, тој со години собирал сведоштва за нејзиниот живот, бил во нејзиното родно место, во местото каде што била нејзината куќа и го барал нејзиниот гроб во манастирот Свети Христофор. Нејзиното име и го дал на монахињата Стефанида, избирајќи ја за свој небесен покровител. Која со негов благослов напиша акатист за преподобната Стефанида. Преподобната Стефан

МПЦ добила мошти од Св. Ѓорги Кратовски

Американско-канадската епархија на МПЦ-ОА по молба на парохиски свештеник ереј Горан Трпчевски,доби мошти од Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски, на дар од Драгалевскиот Манастир за истоимената црква во Детроит, САД. По милоста Божја и по молитвите на Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски и со благослов од нашиот надлежен Архиереј, Митрополитот на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија г. Методиј, на 8 септември 2019 лето Господово, во нашата Македонска Православна Црква-ОА “Св. Вмч Ѓорѓи Кратовски” во Фармингтон Хилс, Детроит Метро во Мичиген, САД, пристигнаа Моштите на светителот донесени од ѓаконот д-р Дејан Коруноски. По предавањето на Моштите, се одржа Света Архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот г. Методиј во сослужение на Архиерејскиот Намесник на Централно-западното Американско Архиерејско Намесништво, протоереј Драган Јорданов и парохискиот свештеник ереј Горан Трпчевски. После службата се пристапи кон поклонение на Светите Мошти

НОВИ СВЕТИТЕЛИ : Свети Гаврил Светогорец Епископ Велички

Епископот Велички Гаврил е роден на 12 јануари 1926 година  во Штип како Мијалче од Православни родители Методиј ( подоцна, со монашко име, Кирил) И Горица Парнаџиеви. Основото и средно училиште ги завршува во родниот Штип. Од 1944 година бил учесник во НОБ подоцна прекомандуван во Корпусот на народната одбрана. По демобилизацијата бил во служба во Народниот одбор во Штип. Бил граничен секретар во Царево село (Делчево), потоа во Кавадарци и на граничната линија на Кајмакчалан. Потоа се запишува на Факултетот за ликовни уметности во Белград каде дипломира во 1955 година по што станува професор по уметност и историја на уметност во гимназијата и Учителската школа во Штип. Мијалче бил еден од најдобрите вајари во земјата, по оцената на ревизорот и познат уметник Борко Лазески, Мијалче бил и еден од најспособните педагози. Скулптурите на Мијалче (Гаврил) и татко му долго ги краселе парковите и институциите во Штип. Бидејќи скулптурите биле од гипс, кој е доста тежок за одржување голем дел