Големата духовна поврзаност на Зографската обител со Бигорскиот манастир по застапништвото на Пресвета Богородица и молитвите на св. Георгиј, тие врски повторно воскреснуваа во полн сјај. Никогаш нема да може да се заборави гостољубието на високопреподобниот отец Амвросиј, игумен на таа света обител, и неговите пожртвувани браќа, и никогаш не би можеле достојно да заблагодариме за гостољубието и честа што му ја укажаа на нашиот старец и браќата.
А како печат на оваа духовна врска на братољубието се добиените мошти од светиот отец наш архимандрит Анатолиј Зографски (†1848), бигорскиот монах, родум од мијачкото село Могорче, израснат во славното мијачко Лазарополе, кој со своето смирение и светост станал духовник на рускиот цар Николај I Романов, и успеал во секоја смисла да го воскресне тогаш замрениот Зографски манастир. На молба на нашиот игумен, старец Амвросиј со најголема љубов одвои честица од черепот на отец Анатолиј и ја подари за првоначалниот манастир на овој богомудар преродбеник.

Comments
Post a Comment