Skip to main content

Митра изработена од монахињите од Рајчица и за Папата Франциск

mitra 2
Папата Франциск се вброи во листата светски христијански поглавари кои добиле митра, рачно изработена од монахињите од бигорското сестринство. Митрата е подарок од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски од традиционалната аудиенција во Ватикан. Станува збор за уникатна и раскошна рачно изработена митра со белег на специфичната македонска култура и уметничка традиција изработена со охридски бисери. Монахињите од манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во Рајчица, инаку метох на  Бигорски манастир оваа митра ја изработувале специјално за Папата Франциск. Монахињите имаат изработено околу 700 митри за целиот Православен свет, вклучително и за Вселенскиот, Рускиот, Ерусалимскиот Патријарх.
mitra 1Митрата како што е добро познато е символ на трновиот венец Христов и своевиден потсетник на одговорноста што претстојателот ја носи пред Бога како поглавар на својот народ. Иако пред неколку децении со Ватиканскиот Концил беше укинато носењето на вакви митри, сепак, митрата беше подарена како израз на почит и еден специфичен украс во спомен на пријателството со нашата земја. Желбата на македонската делегација беше оваа митра да го носи белегот на нашата специфична култура и уметничка традиција, нешто што ќе го чува споменот од нашата убава Татковина, па затоа во нејзината изработка е употребен прочуениот Охридски бисер, традиционално произведен од семејството Тилеви, велат сестрите од манастирот во Рајчица, од чии раце, молитвата и трудот е направена оваа митра.Инаку, покрај оваа митра, македонската делегација на Папата му подари и длабока резба со флора и фауна од Македонија, уметничко дело кое симболизира сплотеност.
Извор: Религија.мк

Comments

Popular posts from this blog

НОВИ СВЕТИТЕЛИ: Света Преподобномаченичка Стефанида Битолско-скадарска

Oваа малку позната монахиња и пред нејзиното официјално канонизирање, верниците во Српската православна црква сепак ја сметале за светица и голема сoвремена подвижница. Во Македонија нејзиниот култ е посебно почитуван во манастирот во кој се наоѓаат нејзините мошти и со години на неколку празници се изложуваат во манастирот во село Крстоар, Битолско. А СПЦ има издадено книга посветена на светителката    „Христе, животе мој“ која во 2023 година го добива третото и дополнето издание.   Нејзините писма во 1963 година ги открива тогаш веќе дипломираниот теолог Ристо Радовиќ подоцна митрополит Амфилохие, во библиотеката на Дечанскиот манастир, тој со години собирал сведоштва за нејзиниот живот, бил во нејзиното родно место, во местото каде што била нејзината куќа и го барал нејзиниот гроб во манастирот Свети Христофор. Нејзиното име и го дал на монахињата Стефанида, избирајќи ја за свој небесен покровител. Која со негов благослов напиша акатист за преподобната Стефанида. Преподобната Стефан

МПЦ добила мошти од Св. Ѓорги Кратовски

Американско-канадската епархија на МПЦ-ОА по молба на парохиски свештеник ереј Горан Трпчевски,доби мошти од Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски, на дар од Драгалевскиот Манастир за истоимената црква во Детроит, САД. По милоста Божја и по молитвите на Светиот Великомаченик Ѓорѓи Кратовски и со благослов од нашиот надлежен Архиереј, Митрополитот на Американско-Канадската Македонска Православна Епархија г. Методиј, на 8 септември 2019 лето Господово, во нашата Македонска Православна Црква-ОА “Св. Вмч Ѓорѓи Кратовски” во Фармингтон Хилс, Детроит Метро во Мичиген, САД, пристигнаа Моштите на светителот донесени од ѓаконот д-р Дејан Коруноски. По предавањето на Моштите, се одржа Света Архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот г. Методиј во сослужение на Архиерејскиот Намесник на Централно-западното Американско Архиерејско Намесништво, протоереј Драган Јорданов и парохискиот свештеник ереј Горан Трпчевски. После службата се пристапи кон поклонение на Светите Мошти

НОВИ СВЕТИТЕЛИ : Свети Гаврил Светогорец Епископ Велички

Епископот Велички Гаврил е роден на 12 јануари 1926 година  во Штип како Мијалче од Православни родители Методиј ( подоцна, со монашко име, Кирил) И Горица Парнаџиеви. Основото и средно училиште ги завршува во родниот Штип. Од 1944 година бил учесник во НОБ подоцна прекомандуван во Корпусот на народната одбрана. По демобилизацијата бил во служба во Народниот одбор во Штип. Бил граничен секретар во Царево село (Делчево), потоа во Кавадарци и на граничната линија на Кајмакчалан. Потоа се запишува на Факултетот за ликовни уметности во Белград каде дипломира во 1955 година по што станува професор по уметност и историја на уметност во гимназијата и Учителската школа во Штип. Мијалче бил еден од најдобрите вајари во земјата, по оцената на ревизорот и познат уметник Борко Лазески, Мијалче бил и еден од најспособните педагози. Скулптурите на Мијалче (Гаврил) и татко му долго ги краселе парковите и институциите во Штип. Бидејќи скулптурите биле од гипс, кој е доста тежок за одржување голем дел